
Најстудено утро во Крива Паланка со минус два степени
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) -2 Крива Паланка, -1 Берово, Крушево, Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Куманово, Штип, Претор, 2 Охрид, 3 Скопје-Петровец, Битола, Виница, 4 Прилеп, Велес, Кавадарци, Струмица, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, 8 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од
котлината повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура
ќе достигне до 19 степени.