
Најсмртоносен земјотрес во Кина во последните 13 години: Властите праќаат помош, спасувачите со сериозен проблем
Силен земјотрес ја погоди Кина во понеделникот во 23:59 часот по локално време на длабочина од 10 километри во округот Џишишан во Гансу, кој се наоѓа на околу 100 километри југозападно од главниот град на провинцијата Ланжу.
Во земјотресот со јачина од 6,2 степени беа повредени најмалку 500 луѓе, а оштетени се околу 6.400 куќи во областа, како и инфраструктура.
Во вторникот наутро беше потврдено дека околу 113 лица го загубиле животот и дека 536 се повредени во провинцијата Гансу, од кои 16 се во критична состојба.
Во Чингхаи загинаа 13 лица, додека 182 лица беа повредени.
Така, вкупно од земјотресот животот го загубија најмалку 126 лица, а над 700 се повредени.
Кингхаи е област северно од епицентарот, каде 20 лица се водат како исчезнати откако биле затрупани во лизгање на земјиштето.
Силен земјотрес бил почувствуван и во други делови во близина на епицентарот, а потоа следувале уште 32 земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 4 степени.
На околу 3.000 километри оддалеченост од епицентарот се случи уште еден забележително силен земјотрес. Во вторникот во 9 часот и 46 минути по локално време силен земјотрес со јачина од 5,5 степени и длабочина од 10 километри го погоди регионот на Синџан.
Спасувачки мисии и помош од кинеската држава
Кинеското Министерство за финансии и Министерството за вонредни ситуации денеска доделија 200 милиони јуани (28 милиони долари) помош за погодените провинции Гансу и Чингхаи.
