
На плоштадот во Штип ќе се одржи ѕвездено небо за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“
На 16 септември ќе се одбележат шест месеци од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, меѓу кои и петмина од Штип. По тој повод, на Градскиот плоштад во Штип ќе се одржи комеморативен настан со палење свеќи и симболично „ѕвездено небо“ во нивна чест.
Во објавата на социјалните мрежи се наведува:
„Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени!
Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас!
20:00 часот – палење свеќи во чест на сите починати на Градскиот плоштад;
20:30 часот – ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови.
Да се обединиме сите во чест на нашите ангели и да ги вклучиме светилките од мобилните телефони!“