Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ​„МАКПРОГРЕС“ СЕ ОГЛАСИ ПО ПОЖАРОТ: Целосно изгоре погон, 12 вработени и пожарникари во болница, но фабриката ќе ја обновиме во Виница
Македонија

​„МАКПРОГРЕС“ СЕ ОГЛАСИ ПО ПОЖАРОТ: Целосно изгоре погон, 12 вработени и пожарникари во болница, но фабриката ќе ја обновиме во Виница

07/09/2025

AA

Компанијата „Макпрогрес“ денеска се огласи со официјално соопштение по големиот пожар што ја зафати нивната фабрика „Винчини“ во Виница, потврдувајќи дека целосно е уништен еден производен погон со три софистицирани линии и два магацини. Од компанијата соопштија дека во инцидентот биле хоспитализирани вкупно 12 лица – девет нивни вработени и тројца пожарникари, но најважно е што нема човечки жртви.
​

Во првото обраќање до јавноста, од „Макпрогрес“ информираат дека сите вработени биле безбедно евакуирани. Од хоспитализираните, осум лица биле примени поради вдишување чад, а четворица се здобиле со полесни изгореници.

Менаџментот на компанијата веќе ги посетил повредените во болниците во Кочани и Скопје.
​

Според соопштението, пожарот, и по 27 часа од избувнувањето, сè уште е активен на две локации со помал интензитет, но надлежните служби уверуваат дека не постои ризик од негово понатамошно ширење. Причините за пожарот се истражуваат, а компанијата апелира јавноста да ги почека официјалните извештаи.
​

И покрај огромната штета, од „Макпрогрес“ испратија силна порака за иднината.

„Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа. И тоа пак во Виница“, се вели во соопштението потпишано од Глигор и Александар Цветанов.
​

Тие најавија дека нивен главен приоритет е да ги задржат сите вработени, преку план за прераспоредување на работниците од уништениот погон на другите функционални производни линии. Дополнително, како одговор на кризата, компанијата вети дека ќе ги задржи ниските продажни цени на своите производи, а некои дури и ќе ги намали за да поттикне поголема продажба и да ги одржи работните места.
​

Компанијата упати огромна благодарност до сите институции, противпожарни единици од повеќе градови, медицински екипи, полицијата, бизнис заедницата и граѓаните кои покажале огромна храброст и солидарност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy