
На некои патишта во Шпанија се повлекуваат црвени линии за поголема безбедност
На патот Малага А-355, шпанската влада одлучи да постави светло-црвена линија во обид дополнително да ги ограничи случаите на претекнување и да ја подобри безбедноста на патиштата.
Црвената линија ќе ја замени претходната двојна бела линија, пишува dnevnik.hr.
Сообраќајните несреќи се чести на тој дел од патот, па затоа во Шпанија е познат како „патот на смртта“. Ова е причината зошто Хунтата де Андалусија предложи нова мерка, прва од ваков вид во Андалузија.
Покрај црвената линија, планот е да се постават и четири радари за возачите да останат свесни за ограничувањето на брзината.
Критична точка
Во последната година десет лица загинаа на тој дел од патот, по што Патриша Наваро, пратеничка во андалузискиот парламент, почна да се залага за подобра сообраќајна сигнализација, пишува EuroWeeklyNews.
Наваро се заблагодари на градскиот совет на градот Коин и на DGT, но се надева дека наскоро ќе го врати радарот.
„Досега добивме само усна потврда дека ќе биде инсталирана нова опрема за да се олесни следењето на сообраќајот“, рече таа.
Овој пат пред десет години беше проектиран и планиран за седум илјади возила дневно, додека до денес тој број порасна на околу 20 илјади. Поради зголемениот сообраќај, Владата не ја исклучува можноста за дополнително подобрување на патот, како проширување и изградба на заштитна ограда.

