Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На нашите езера во август летувале повеќе од 150.000 туристи! Колку заработија нашите хотелиери и угостители?
Економија

На нашите езера во август летувале повеќе од 150.000 туристи! Колку заработија нашите хотелиери и угостители?

21/10/2024

AA

Над 762.000 ноќевања во трите езерски центри оствариле домашни и странски туристи. Само по тој основ нашите хотелиери и сместувачи инкасирале најмалку 25 милиони евра

Повеќе од 150.000 туристи во август примиле нашите три езерски туристички центри: Охрид, Струга, Дојран и по малку и Преспа, покажуваат официјалните податоци од најновиот статистички извештај на Државниот завод за статистика.

Иако нема прецизна евиденција по езерски центри, познато е дека повеќе од 70 отсто од сите гости ги апсорбирале и опслужиле хотелите, сместувалиштата и приватните капацитети на охридско-струшката ривиера. Дојран според тамошните туристички работници годинава во најголема мерка гостите и ноќевањата ги остварувал благодарение на транзитниот туризам претежно на веќе традиоционалните гости од соседна Србија кои ноќеваат на пропатување на одење и враќање од одмор во соседна Грција.

Вкупно годинава во август бројот на регистрирани домашни туристи во Орхид, Струга, Дојран и во помала мерка во Преспа изнесува 150.861 лице односни 4.866 гости вкупно во сите езерски летувалишта просечно дневно.

Од тоа речиси 100.000 гости се домашни туристи, а нешто повеќе од 51.000 лица се странци кои летувале или само ноќевале во нашите езерски центри.

Вкупниот број на остварени ноќевања изнесува над 762.000, а од нив 641.000 оствариле домашни односно македонски туристи. Странските ноќевања во август достигнале 121.000. Тоа значи дека во просек дневно нашите езерски туристички центри остварувале околу 24.600 ноќевања на домашни гости и уште 3.900 странци просечно секој ден ноќевале во нашите сместувачки капацитети во Дојран, Струга, Охрид и во Преспа.

Од извештајот на статистика вреди да се истакне дека Скопје во август го посетиле над 45.000 странски туристи. Тоа значи дека во најтоплото во август Скопје просечно дневно угостувал околу 1.460 странски туристи. Тие реализирале над 75.400 ноќевања што значи дека се задржувале во Скопје во просек на помалку од два дена.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy