Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ОВОЈ ПАТ? Објавен нов повик за изградба на гасниот интерконектор со Грција
Економија

ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ОВОЈ ПАТ? Објавен нов повик за изградба на гасниот интерконектор со Грција

21/10/2024

AA

По една година од објавувањето на претходниот, македонскиот национален оператор „Номагас“ повторно објави повик за потенцијални компании кои би го граделе интерконекторот за природен гас помеѓу Македонија и Грција.

На претходниот повик што беше објавен во ноември 2023 се пријавија пет заинтересирани страни за негова изградба, евалуацијата на понудите беше во тек, но во меѓувреме европската банка-финансиер најде техничка забелешка во тендерирањето, по што процедурата мораше да се повторува.

И овој пат предвидената сума на финансирање е иста – 83.653.000 евра, со тоа што овој пат постапката треба да оди побрзо, бидејќи како што дознава „Фактор“, грчката страна има извршна клаузула во меѓусебниот договор и доколку ја активира поради доцнењето, ќе може да бара отштета од 70 милиони евра, затоа што веќе соседите се понапред во фазите на изградбата и веќе имаат направено големи трошоци за гасното поврзување.

Македонскиот дел е 67 километарски од Гевгелија до Неготино. Понудите треба да пристигнат до 20 ноември, кога ќе биде и нивното отворање, односно почетокот на разгледување. Предвидениот период на изградба е три години. Се очекува евалуацијата на понудите да трае неколку месеци.

Иако првично беше проценето проектот да чини 57,8 милиони евра, во меѓувреме во енергетската и воената криза се зголеми проектираната сума на 83.653.000 евра.

Интерконекторот кон јужниот сосед на нашата земја треба да ѝ обезбеди посигурно снабдување со природен гас, како и диверзификација на изворите од каде Македонија досега го набавуваше гасот, односно руски „Газпром“. Единствената прекугранична гасоводна врска што ја има Македонија во моментов е со Бугарија.

Идниот гасовод меѓу Македонија и Грција е со должина од 123 километри и ќе се гради на потегот од Неготино преку Гевгелија до Неа Месимвриа во Грција. На овој начин, во иднина би се обезбедила алтернативна врска за обезбедување на природен гас од идниот ЛНГ-терминал во Грција, како и од гасоводот ТАП кој од Азербејџан преку Турција носи природен гас кон Европа. Низ гасоводот треба да се пренесува и водород.

Европската инвестициска банка им предложи на македонските власти да распишат нов тендер за изградба пред два месеци. ЕИБ ја води тендерска постапка и таа се води во согласност со нејзините правила. Причината за стопирањето на првиот повик не е прецизирана, освен дека тендерските постапки се спроведуваат во целосна согласност со Водичот за набавки на ЕИБ, што подразбира отворен конкурс, правичност и избор на економски најповолна понуда.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска

24/04/2026
Македонија

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења

24/04/2026
Македонија

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на

24/04/2026
Македонија

ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ВОН ФУНКЦИЈА: Овој викенд нема да работи

24/04/2026
Македонија

УЈП потсетува: 27 април е краен рок за поднесување ДДВ-пријава

24/04/2026
Македонија

Лесната пешадиска баталјонска група доби највисока оцена за борбена подготвеност

24/04/2026
Македонија

Македонски работници страдаат во странство, дома гинат во семејни фирми:

24/04/2026
Македонија

Давкова го поддржува законот за едно државјанство: Треба да важи

24/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска акција за лажни ботокси и

24/04/2026

Основниот кривичен суд Скопје ги донесе конечните одлуки за мерките за обезбедување присуство на осомничените лица опфатени во последната акција

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења на бившите функционери, сега дел

24/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, категорично ги отфрли сомнежите за криминал во неговото досегашно

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на пациентите?

24/04/2026

Акцијата „Чисто лице“, која ја спроведоа МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал на 23 и 24 април, откри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy