
На Модриќ му требаа само шест минути да му донесе победа на Реал Мадрид (ВИДЕО)
На ветеранот му требаа само шест минути да го спаси својот тим, кој долго се мачеше во обидете да ја пробие одбраната на цврстиот противник. Модриќ средбата ја почна на клупата, во игра влезе во 75. минута, а веќе во 81. минута ја смести топката во противничката мрежа, што се покажа како доволно за значајни три бода во битката за титулата. „Кралевите “ постигнаа гол и во 10. минута и тоа преку Лукас, но тој беше поништен поради прекршок.
Реал Мадрид сега има 65 бодови како лидер на Ла Лига и тоа со осум повеќе од Барселона и девет од Жирона.