Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На Меѓународниот аеродром „Скопје“ запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари
Магазин

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари

27/08/2024

AA

Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со проценета вредност од еден милион денари се запленети на Меѓународниот Аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони биле откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје.

Како што соопштија од Царинската управа, дополнително уште 11 мобилни телефони „Ајфон 15 Про“ во вредност од 799 илјади денари и еден таблет се запленети на патнички промет, откако патник кој патувал од Истанбул не ги пријавил на влез во државата. Истиот е селектиран за ренген контрола при што во дел од куферите помеѓу облеката се откриени мобилните телефони и таблетот.    

На Меѓународен Аеродром Скопје на стоково царинење, декларирани за увоз, привремено се задржани 883 блутут слушалки и 1.048 задни капаци за мобилни телефони со лого на „Ејпл“ за коишто во моментов е отпочната постапка за повреда на право на интелектуална сопственост.

Исто како и во првиот случај, станува збор за пратка од Дубаи, за којашто е поднесена декларација за увозно царинење за обични блутут слушалки и задни капаци за мобилни телефони. Проценетата малопродажна цена за овие производи доколку се продаваат како оригинали е 220 илјади евра.

На Царинска испостава Гевгелија при контрола на стока за увозно царинење се откриени 1.920 полначи за мобилни телефони „Самсунг“ кои не биле опфатени со увозната декларација. Стоката е со потекло од Кина и била наменета за фирма од Скопје. Вкупната проценета вредност на непријавената стока е 374 илјади денари. Полначите се запленети, против увозникот е поведена прекршочна постапка, а се води и постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост, наведуваат од Царинската управа. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy