
Најмалку три лица загинаа во торнадо во Тексас
Најмалку три лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото што го погоди северниот дел на американската сојузна држава Тексас, соопштија утринава локалните власти.
Метеоролошката служба Амарило потврди дека торнадо ја допрело областа во четвртокот вечерта по локално време.
Шефот на противпожарната служба во градот Перитон на новинарите им изјави дека три лица загинале во невремето.
Предупредување за невреме со грмотевици е на сила за неколку држави во средниот запад и јужниот дел на САД.
Според видео снимките објавени на социјалните мрежи од страна на ловците на невремето, неколку згради биле уништени или оштетени од торнадото, а дрвјата биле откорнати.