
Најмалку 15 лица загинаа во несреќа во Канада (ВИДЕО)
Најмалку 15 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во канадската провинција Манитоба, соопшти полицијата.
Несреќата се случила меѓу камион со полуприколка и автобус во кој превезувале претежно постари лица.
Полицијата соопшти дека судирот се случил на автопат во близина на Карбери.
На несреќата реагираа екипите на итната помош и авионите на брзата помош. На местото на настанот се испратени 12 возила на брза помош.
Најмалку 10 лица, меѓу кои и двајцата возачи, се во болница со сериозни повреди.

