Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА ГРАНИЦИТЕ Е ОПШТ ХАОС, БУКВАЛНО – Луѓето заглавени чекаат дури и по 6 часа
Регион

НА ГРАНИЦИТЕ Е ОПШТ ХАОС, БУКВАЛНО – Луѓето заглавени чекаат дури и по 6 часа

19/08/2024

AA

Патничките возила како и автобустите кои превезуваат патници од земјите од Балканот кон дел од европските центри за влез во Европската унија чекаат со часови. 

Како што пренесуваат медуимите до соседството за излез од Србија преку граничниот премин Батровци се чека шест часа, а на Хоргош пет часа, соопшти Автомото сојузот на Србија (АМСС).

Според информациите од Управата на граничната полиција од 17 часот и 15 минути, автомобилите на Бачки Брег, Шид и Бездан на излез од Србија чекаат по три часа, а на Хоргош 2, Келебија и Бајмок по два часа.

На влезот во земјава автомобилите чекаат кај Јабуца еден час, Градина 40 и Шпиљани 30 минути. Камиони и автобуси кај Келебија на излез од Србија чекаат по еден час. И кај Батровци чекањето на товарните возила на излез од државата е еден час. Според последните информации добиени од ЈП „Патишта Србија“, на наплатните станици нема задржувања на возила.

Од друга страна не е подобро ниту на граничните премини кон Хрватска, каде вчера патниците биле зглавени цели седум часа за влез во земјата. 

Како што јавуваат патници кои патуваат од Македонија, кон некои од европските градови, гужвите на граничниот премин биле огромни, што предизвикало застој и чекање од дури седум часа за влез во Хрватска. 

Последните информации од Автомото сојузот на Македонија АМСМ од утрово говорат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања – соопштуваат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сигнализација. 

Фото: Фактор

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy