Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ОПЕРАТОР ПРЕД НОВА ЗДЕЛКА – „Телеком Србија“ купува фирма од Златибор за интернет и дистрибуција на медиумска содржина
Економија

НАЈГОЛЕМИОТ СРПСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ОПЕРАТОР ПРЕД НОВА ЗДЕЛКА – „Телеком Србија“ купува фирма од Златибор за интернет и дистрибуција на медиумска содржина

17/02/2025

AA

Продолжува да се шири групацијата на Телеком Србија. Откако пред неколку
дена објавија дека постигнале договор за купување на NetTV Plus, DTH во Србија и 
Македонија и лиценцата за правата на Sport Klub за Западен Балкан од United
Group, во петокот минатата недела стигна нова објава, а таа е
дека купуваат дел од СКЈНЕТ КТВ ДОО од Златибор.

Информацијата ја објави нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, која
треба да ја разгледа оваа зделка, со оглед што големиот српски оператор Телеком
Србија кај нас има свои деловни активноси, односно ја поседува компанијата МТЕЛ.

„До
Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за
концентрација со кое ‘Телеком Србија’ акционерско друштво со регистрирано
седиште во
Белград, Србија ќе стекне поединечна контрола, односно право на
сопственост на дел од работењето односно над инфраструктурата на СКЈНЕТ КТВ ДОО, со
регистрирано седиште во Златибор, Србија“, се вели во објавата
од нашата КЗК.

Како што е веќе познато, а како што наведуваат и од КЗК, „Телеком Србија“ е оператор за електронски комуникациски
услуги и мрежи, регистриран за кабелски телекомуникации, а од услугите што ги
дава, се извдвојуваат услугите за фиксна и мобилна телефонија,
интернет и мултимедијални услуги на територија на Србија.

Она што е битно за македонскиот пазар е дека „Телеком
Србија“ има поврзано лице на
територијата на земјава, и тоа друштвото
за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, а кое е регистрирано за дејноста жичани телекомуникации, односно за давање на услуги
како што се јавна радио-комуникациска
мрежа, широкопојасен пристап на интернет, меѓуоператорски услуги, јавно
достапни телефонски услуги во јавна мобилна комуникациска мрежа, реемитување на
телевизиски програмски сервиси, и сателит.

Додека, пак, СКЈНЕТ КТВ, ДОО Златибор е оператор за
електорнски комуникациски услуги и мрежи, регистриран за давање услуги на
фиксен широкопојасен пристап на интернет, малопродажен пазар за давање услуги
на дистрибуција на медиумска содржина на територија на Србија. СКЈНЕТ КТВ, ДОО
Златибор нема поврзани правни лица на територија на земјава, ниту пак тука има остварено некакви приходи.

„Подносителот
на известувањето предлага како релевантен пазар во предметната концентрација да
биде малопродажен пазар за фиксен широкопојасен пристап на
интернет, и малопродажен пазар за дистрибуција на медиумска
содржина. Врз основа на
прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може
да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак
конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува
заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа
концентрација до Комисијата“, се
вели во објавата на КЗК на нивната веб страница.

Како што деновиве пишуваше Фактор, групацијата Телеком Србија објави дека постигнала договор за
купување на NetTV Plus, DTH во Србија и Македонија и лиценцата за правата
на Sport Klub за Западен Балкан од United Group.

Или поконкретно, групацијата Телеком
Србија „постигна договор за стекнување на 100 проценти од акциите во Eon
TV International Ltd (холдинг-компанија на NetTV Plus), бизнисот директно до
дома (DTH) во рамките на EoNSat и Total TV во Србија и Северна Македонија, како
и за стекнување на одредени права, лиценци и други средства поврзани со
каналите Sport Klub за Западен Балкан и Хергејска Групација во Србија и
Херцеговина, и Македонија, за сума од 652 милиони евра, безготовински и без долгови“,
беше наведено во соопштението.

Натаму, како што наведоа од Телеком Србија, овие трансакции се усогласени
со нивната стратегија за
изградба на водечка телекомуникациска компанија во Западен Балкан, при што
приходите, како што објавија, ќе
достигнат три милијарди евра до 2030 година.

„По
успешната премиерна емисија на еврообврзници во 2024 година, во износ од 900
милиони американски долари, денешното купување на имотот на Групацијата
Јунајтед дополнително ќе ја зајакне позицијата на Телеком Србија во регионот и
меѓу дијаспората на поранешна Југославија“, беше нагласено во
соопштението, каде што и се
додаваше дека затворањето на трансакциите е предмет
на вообичаени регулаторни одобренија, како и дека се
очекува да биде завршено во текот на првата половина на 2025 година.

Во ноември лани, пак, објавивме дека Телеком
Србија подготвува аквизиција на удел во компанија во својата матична држава, и тоа во фирма за сајбер безбедност. Практично, удел во друштвото „Пулсец ДОО“ од Белград, регистриран
давател на дејности на компјутерско програмирање, и што е многу
битно, технолошка компанија специјализирана
за имплементација на напредни cybersecurity решенија, а со цел заштита на
клиентите, нивните податоци и корисниците од cyber пречки.

Инаку, во ноември лани, МТЕЛ, кои се членка на Групацијата Телеком Србија, објавија дека успешного завршиле
процесот на аквизиција на Lyca Mobile, како значаен момент во посветеност на
компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на
корисниците во Македонија.

„Преговорите и сите административни постапки за
преземање на телекомуникацискиот оператор Lycamobile се успешно завршени и од
денеска Lyca mobile станува МТЕЛ. Станува збор за аквизиција што е дел од нашите стратешки
планови за раст и развој на македонскиот телекомуникациски пазар, план кој што
продолжуваме да го реализираме и понатаму со цел зголемување на пазарниот удел,
бројот на корисници, бројот на вработени и понудата на врвни телекомуникациски
услуги за македонските корисници“, изјави тогаш генералниот директор
на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра,

03/09/2026
Македонија

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13,

03/09/2026
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45441
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра, одбраната тврди дека остануваат „само“

03/09/2026

Во текот на денешното рочиште во предметот против апелациониот судија Ѓоко Ристов, во фокусот беа финансиските средства на судијата, неговата

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13, Ѓаволот, Цандо, Беџети, Азманов, Јахоски

03/09/2026

Во продолжението на судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, обвинителството презентираше податоци извлечени од неговиот мобилен телефон, користен во

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во овие 35 години независност од

03/09/2026

Киро Глигоров не е доволно вреднуван за неговата историска улога во создавањето и зачувувањето на независна Македонија, оцени лидерот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy