Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈГОЛЕМАТА ХРВАТСКА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОБИ НОВА ДИРЕКТОРКА – еве на кои позиции била претходно Николина Диздар Чехулиќ
Регион

НАЈГОЛЕМАТА ХРВАТСКА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОБИ НОВА ДИРЕКТОРКА – еве на кои позиции била претходно Николина Диздар Чехулиќ

11/04/2025

AA

Најголемата хрватска фармацевтска компамнија доби нова директорка. Во објавата од Плива Хрватска, којса е членка на Групацијата Тева, е обзнането назначувањето на Николина Диздар Чехулиќ, поранешен член на Управниот одбор и главен финансиски директор, на позицијата претседател на Управниот одбор на компанијата, од 1 мај 2025 година.

Николина Диздар Чехулиќ својата професионална кариера ја започнала во ревизорската куќа Артур Андерсен, а потоа продолжила во Ернст и Јанг. Таа се приклучила на PLIVA во 2004 година како висок финансиски аналитичар, брзо напредувајќи на менаџерски позиции во финансии и стратешко планирање. Таа дополнително го прошири своето искуство на меѓународно ниво, работејќи за Teva Europe во Холандија како директор за финансии и сметководство, а потоа во General Electric GBS како регионален менаџер за Југоисточна Европа.

Во 2013 година, таа ја презеде улогата на главен финансиски директор (CFO) и член на Управниот одбор одговорен за финансии во Плива. За повеќе од десет години на оваа позиција, таа одигра клучна улога во оптимизирањето на работењето, зајакнувањето на финансиската стабилност и стратешкиот развој на компанијата. Покрај нејзиното долгогодишно искуство во финансии и менаџмент, таа е позната по нејзината посветеност на развивање таленти во компанијата, градење силни тимови и имплементирање на иновативни деловни решенија.

„Таа ја презема функцијата претседател на Управниот одбор во време кога Плива е водечка фармацевтска компанија на хрватскиот пазар, бележи десетгодишен раст и уверени сме дека со Николина на чело ќе продолжи да гради успех, водена од својата основна мисија – обезбедување подобро здравје за пациентите во Хрватска и во светот“, се вели во објавата од компанијата.

„За мене е голема чест да ја преземам оваа одговорност и да го водам тимот на PLIVA до нови успеси. Нашата долгогодишна соработка ми дава уверување дека заедно ќе продолжиме да наоѓаме конструктивни начини за успешно соочување со предизвиците што ги носи сложената геополитичка ситуација, во интерес на милиони пациенти кои ги користат нашите лекови“, рече Николина Диздар Чехулиќ по повод именувањето.

„Деценијата што ја оставаме зад нас е обележана со раст, иновации и успех, сето тоа благодарение на фантастичните вработени. PLIVA е лидер на пазарот, важен фактор во бизнисот на Teva и убеден сум дека во иднина, под водство на Николина, ќе продолжи да се надградува на оваа цврста основа, секогаш ставајќи ги пациентите и нивната благосостојба на прво место“, изјави Mihael F.

Пословни.хр

Фото: Плива и Линкедин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село

03/09/2026
Македонија

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра,

03/09/2026
Македонија

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13,

03/09/2026
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45442
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село Огут и српско Калово

03/09/2026

По повод Денот на независноста, 8 Септември, жителите од пограничните региони на Македонија и Србија повторно ќе можат традиционално да

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра, одбраната тврди дека остануваат „само“

03/09/2026

Во текот на денешното рочиште во предметот против апелациониот судија Ѓоко Ристов, во фокусот беа финансиските средства на судијата, неговата

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13, Ѓаволот, Цандо, Беџети, Азманов, Јахоски

03/09/2026

Во продолжението на судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, обвинителството презентираше податоци извлечени од неговиот мобилен телефон, користен во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy