Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈЕВТИН ВО ИСТОЧНА, А НАЈСКАП ВО СКОПЈЕ И ОХРИД: Дали е луксуз едно семејство да си купи бурек за појадок?
Економија

НАЈЕВТИН ВО ИСТОЧНА, А НАЈСКАП ВО СКОПЈЕ И ОХРИД: Дали е луксуз едно семејство да си купи бурек за појадок?

22/02/2025

AA

Во Скопје и
Охрид, бурекот е најскап, а во градовите во источниот дел е најевтин, но од
бурекџилниците, посебно во градовите каде нема туризам, велат дека за народот е
скапо за цело семејство да купат бурек и јогурт за појадок. Од град до град,
цените варираат, од 60 денари до 110 денари за четврт бурек. Од бурекџилниците
додаваат дека купувачите за појадок 
бираат поевтина варијанта, односно земаат ѓевреци или кифли.

Четврт бурек во
главниот град чини од 80 денари па
нагоре.  Во Охрид четврт бурек се продава
за 70, 75 денари, а има и поскап за 100 и 110 денари.

„Тој што нема
нормално дека му е скапо, а тој што има пари, секогаш ќе купува“, велат од
охридска бурекџилница.

Во Гостивар,
четвртина бурек обично чини 100 денари, но се наоѓа и за 90 и 110 денари.

„Скапо им е. За
нашиот стандард е скапо. Почесто си купуваат ѓеврече, симит погача, за да
испадне поевтино, односно до 50 денари да им се фати трошокот по човек. Порано
бурекот бил попристапен и пред 10 години цената беше 40, 50 денари за
четвртинка. Има и бурекџилници што се затворија.
Бурекот стана луксуз. Ние за да излеземе на крај, намалуваме на грамажа и филот
е посиромашен“, велат од бурекџилница од Гостивар.

Четврт во Битола
е 90 денари, но се наоѓа и поевтино за 85 денари.

„Мораме да
кренеме цени за да дадеме повисоки плати на работниците. Во јануари и февруари
продажбата е катастрофа. Во зима нема потрошувачка, туку подобро е во летото
кога има странци. Ако не се странците, нема кому да продадеме во лето“,
додаваат од битолска бурекџилница.

Во Кавадарци, четврт
бурек чини 60 денари.

„Се чувствува
дека им е скапо на луѓето. За разлика од пред 10 години, сега е многу полошо,
нула“, велат од кавадаречка бурекџилница.

Во Пробиштип,
четвртинка бурек чини 80 денари. Во Делчево, цената е 65 денари. Во Струмица, за четвртинка бурек треба да потрошите 70 денари. Во Штип, четвртинка бурек се продава од 65 до 80 денари. Во Кочани четвртинка бурек се
нуди за 70 до 80 денари. Во Виница цената за четврт бурек се движи од 75, 85 до
90 денари. Инаку, хрватските медиуми веќе пишуваа дека нивните граѓани ќе
бојкотираат не само маркети, туку и бурекџилници затоа што цените се високи и
работниците и студентите сè
поретко купуваат бурек за појадок.

Сања Атанасовска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy