Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски од Вашингтон: Ние не сме во можност да станеме членкa на ЕУ, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав
Македонија

Мицкоски од Вашингтон: Ние не сме во можност да станеме членкa на ЕУ, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав

22/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската публика со историските и културните знаменитости на Македонија.

„Македонците се многу традиционални, ги сакаат своите семејства, можеби сме малку, но македонската заедница во САД е многу важен дел од американското општество. Знам дека го подржаа претседателот Трамп за време на изборите, тие се конзервативци и знам дека ќе продолжат да го поддржуваат претседателот Трамп. И тоа што би го додал, а е важно, е дека и ние бевме избрани како нова власт со огромно мнозинство пред осум месеци“, рече премиерот Христијан Мицкоски објаснувајќи го македонското општество како мултиетничко со две третини Македонци, а една третина се Албанци, Власи, Срби, Турци, и други.

„Ние имаме голема дијаспора низ светот, речиси еднаква по бројност колку што живеат во татковината“, рече Мицкоски.

Опишувајќи ја Македонија како срцето на Балканот и југоисточна порта на Европа, Мицкоски нагласи дека како таква беше актуелна на патот на мигрантите пред извесен период кон Европа.

„Ние бевме на „фронтот“ и се боревме против илегалната миграција, штитејќи ја Европа од илегалните мигранти“, рече Мицкоски и посочи дека токму тоа денес е главниот фокус и на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот Мицкоски се осврна и на стратешкото партнерство на САД и Македонија, откако беше истакнато дека нашата земја е една од земјите со најголем придонес во НАТО по глава на жител.

„Одвојуваме над 2 проценти, посветени сме и ги поддржуваме политиките на претседателот Трамп и сметаме дека 2 проценти треба да биде ниската граница, а не високата“, рече македонскиот премиер Мицкоски на собирот на американските конзервативци во Вашингтон.

Публиката со аплауз ја награди забелешката на водителката на интервјуто кога забележа дека токму премиерот Мицкоски бил единствениот на Минхенската мировна конференција којшто аплаудирал на говорот на американскиот потпретседател Венс.

„За мене тоа беше историски настан и според моето скромно мислење, може некои европски политичари ќе ми се налутат, тој негов говор беше многу инспиративен. После говорот дел од публиката го критикуваа сметајќи дека тоа на некој начин е мешање во внатрешните работи на суверени држави“, забележа Мицкоски.

„Од самиот почеток на нашата самостојност од поранешната југословенска федерација ние имавме две стратешки цели. Прво да станеме полноправна членка на НАТО и втората е да станеме полноправен член на Европската Унија. Ние станавме членка на НАТО, но пред тоа го сменивме знамето, ја сменивме нашата валута, го сменивме нашиот Устав, го сменивме нашето име, затоа што некој од нашите соседи станал член на НАТО пред нас и го злоупотреби ветото за да ги исполни билатералните барања. Ако ова не е мешање во внатрешните работи тогаш што е?“, запраша Мицкоски, којшто потенцираше дека двојните стандарди продолжуваат и денес.

„Ние не сме во можност да станеме членки на ЕУ, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав. Ако Уставот не е внатрешно прашање на суверена земја, тогаш се прашувам што е? Зарем тоа е фер? Ако некој го критикува говорот, кое според моето скромно мислење беше многу инспиративен, треба да си го впери прстот во себе и да види што тој прави. Европските вредности не се билатеризација на процесот на пристапување кон Унијата“, заклучи премиерот Христијан Мицкоски на интервјуто за време на најголемиот годишен собир на американските конзервативци во Вашингтон.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45191
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката Пука и Италијанецот Окипинти

22/08/2026

Охрид повторно беше домаќин на една од најзначајните пливачки манифестации во регионот – 39. Охридски пливачки маратон, на кој годинава

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот систем“

22/08/2026

Со тактичко-показна вежба, доделување признанија и презентација на специјализираната опрема, Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола го одбележа

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот во Струмица

22/08/2026

Голем пожар попладнево се прошири во атарите на селата Баница и Водоча и месноста Софилар, при што огнената линија стигна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy