
НАЈДОВМЕ ДРОГА КАЈ ВОЈНИК Армијата со јасна порака дека секое нарушување ќе се казни

Армијата информираше дека на 12 февруари во рамки на внатрешни проверки кај еден припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина.
„Секое несовесно однесување во нашата институција е неприфатливо и ќе биде санкционирано. Армијата е изградена врз професионалност, дисциплина и интегритет, и нема место за лица кои со своите постапки го нарушуваат угледот на институцијата“, велат од Армијата во соопштението.
По пронаоѓањето на материјата, случајот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, по што јавен обвинител наредил лишување од слобода на лицето. По целосно документирање, против војникот е поведена соодветна постапка.
Армијата најави дека и во иднина ќе продолжи со засилени контроли и активности за спречување на вакви појави, со цел зачувување на угледот и дисциплината во редовите. Оттаму додаваат дека јавноста беше дополнително информирана на 17 февруари, во согласност со принципите за транспарентност на институцијата.
.
