
Најдобрата светска тенисерка во ново финале – Швјонтек ќе брка трета титула на Ролан Гарос
Швјонтек славеше со 6-2, 7-6 за да обезбеди ново финале на Ролан Гарос, откако лесно го доби првиот сет, но наиде на многу поголем отпор во вториот во кој тајбрејкот го доби со 9-7, иако Хадад Маја беше на два поени до сет, имаше и сет поен, но на 7-7 загуби поен на свој сервис и потоа Швјонтек го завери финалето за конечна победа.
Во првото полуфинале, Мухова направи вистинска сензација откако со 2-5 во третиот сет успеа да победи, спаси една меч топка и првпат во кариерата ќе игра едно гренслем финале, а оваа тенисерка досега во кариерата има само еден ВТА-трофеј.
Швјонтен со овој пласман во финалето сигурно го задржува првото место на ранкингот на ВТА. Финалниот дуел е во сабота.