
Најдобрата македонска фудбалерка ќе бара свои наследнички на свој камп во Неготино
Андонова организира камп за деца од 9 до 15 години во женска, ама и во машка конкуренција во периодот од 16 до 18 јуни, каде ќе им дава совети и ќе им споделува искуства од својата извонредна кариера.
„Мојот сон конечно се оствари. Долги години го подготвував овој настан и мислам дека ова лето е вистинскиот момент,заедно со вас,нашите идни фудбалски ѕвезди, да го започнеме реализирањето на летниот камп за девојки и момчиња ‘НА 9’, кој се надевам, а јас ветувам ќе дадам се од себе тој да прерасне во една убава традиција!“, објави Андонова.
Најдобрата македонска фудбалерка моментно е член на Леванте, каде игра од 2019 година, а претходно играше за гиганти како германски Турбине Посдам од 2011 до 2015 година, шведски Розенгард од 2015 до 2017, француски ПСЖ во 2017 година и каталонската гордост Барселона од 2017 до 2019 година.

