Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАМАЛЕНО ПРОИЗВОДСТВОТО НА АВТОМОБИЛИ ВО ГЕРМАНИЈА: Компаниите се селат поради високите трошоци
Економија

НАМАЛЕНО ПРОИЗВОДСТВОТО НА АВТОМОБИЛИ ВО ГЕРМАНИЈА: Компаниите се селат поради високите трошоци

04/04/2023

AA

Пазарот на автомобили минува низ тектонски промени. Во изминатите десет години производството на автомобили во Германија е речиси преполовено. Во 2012 година во Германија се произведени 5,6 милиони патнички автомобили и комбиња, а во 2022 година само 3,6 милиони.

Сепак, големите корпорации како „Фолксваген“, „Мерцедес“ и „Бе-Ем-Ве“ остварија рекордни профити во износ од 49 милијарди евра, што се должи на зголемувањето на производството во странство, објавува „Политика.рс“.

Германските лидери во автомобилската индустрија заедно произведоа повеќе од десет милиони возила надвор од Германија во 2022 година. Високите цени на енергијата, трошоците за работна сила и даноците гарантираат дека овој тренд веројатно ќе продолжи и ќе се интензивира и во иднина, покажуваат податоците на „Марклајн“.

На ова треба да се додаде и зголемената важност на електричните автомобили, произведени од Volkswagen во Шпанија и Mercedes во Кина и Полска.

Центарот за автомобилски истражувања пресметал дека цената на еден час работа со дополнителни трошоци за работна сила е 59 евра во автомобилската индустрија во Германија, 28 евра во Шпанија, а само 13 евра во Унгарија и Полска.

Здружението на германската автомобилска индустрија смета дека итно е потребна офанзива за Германија како индустриска локација. Во спротивно, Германија се заканува да се лизне во безначајност на глобално ниво.

Ова веќе се случи во делот на малите автомобили, поради високите трошоци. Од 2022 година во Германија повеќе нема да се произведуваат мали и микро автомобили.

Во Германија нема да има враќање на бројките од последната деценија. Ова е особено голема грижа на работничките здруженија во индустријата.

Електричните автомобили бараат значително помалку делови. Ќелиите на батериите доаѓаат во голем број од Азија. Како резултат на тоа, работните места се изложени на ризик, особено кај добавувачите во автомобилската индустрија. Многу добавувачи во автомобилската индустрија немаат можност да се преселат на други локации надвор од Германија и со тоа да ги загубат клучните работни места.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy