
Најдобар доказ за ужасот на Јунајтед: Халанд сам постигна голови колку цел тим на „ѓаволите“
Има уште многу до крајот на сезоната, но ако Јунајтед не извади под итно некој голгетер, не му се пишува добро. Во досегашните десет натпревари, „ѓаволите“ постигнаа само 11 гола, колку што во моментов има Ерлинг Халанд по денешните два во дербито на Манчестер, на Олд Трафорд. Логично, Норвежанецот е најдобар стрелец во Премиер лигата со три гола повеќе од Мохамед Салах.
Прв голгетер на Јунајтед е Скот Мектоминеј кој досега одигра седум натпревари, а постигна три гола. Два се дело на Бруно Фернандес, а по еден забележаа Варан, Далот, Касемиро, Ериксен, Межбри и Рашфорд.