НА БАЛКАНОТ СЕУШТЕ ПОСТОИ ЧУДЕН ПАЗАР – родителите се ценкаат за да ја вдомат малолетната ќерка, а еве што најмногу се цени
Кога се рашири веста дека во Бугарија има „пазар“ каде мажите доаѓаат да купуваат млади девојки за да се оженат, луѓето на почетокот не поверуваа. Сепак, тоа е стар обичај кој продолжил до ден-денес и овој „пазар на невести“ е единствената шанса за многу сиромашни семејства да ги решат своите финансиски проблеми во обид да им договорат финансиски профитабилен брак на своите женски деца.
Девојки нашминкани и совршено негувани, со фризури, штикли, некои со златни заби, се обидуваат да се покажат во најдобро можно светло во провокативни фустани. Обично сè се одвива во некаков шатор со сепариња каде што ги пречекуваат млади момчиња, потенцијални младоженци, придружувани од нивните семејства.
Станува збор за слика која сè уште доаѓа од Стара Загора во Бугарија, каде што живее ромската заедница Калдераши од околу 18.000 луѓе. Тие се меѓу најсиромашните Европејци, а најчесто преживуваат со собирање бакар, но познати се и како полуномади кои сè уште ги негуваат древните занаети за правење и поправка на тенџериња, тави и котлиња. Тие обично живеат во оддалечени села, далеку еден од друг. Меѓутоа, светот слушна за нив поради необичниот пазар што го организираат четири пати годишно во пресрет на верските празници. Тоа е и можност луѓето да се соберат и да видат, но и да се поклопат.
Ова е исто така ретка шанса девојчињата и момчињата да се сретнат и да разговараат бидејќи во оваа заедница се избегнува мешање на половите. Многу семејства ги повлекуваат девојчињата од училиште и по 15-годишна возраст за да ги спасат од „искушението“. Запознавање во други денови или надвор од овој настан не е дозволено. Тинејџерките секогаш се придружувани од членови на семејството кои внимателно се грижат за нив. Исто така, бракот надвор од нивната заедница е табу.
– Мажите не ја купуваат жената, туку нејзината невиност! Ако е навистина убава, цената може да се зголеми. Традиција е овие семејства да ја венчаат својата ќерка на возраст од 16 до 20 години. Повеќето девојчиња не посетуваат повеќе од осум одделенија во основно училиште, бидејќи се верува дека некој би можел да ги „украде“ по шеснаесеттата година. Потоа нивните родители ги заклучуваат во куќата – изјави Велч Крустев, етнограф за Њујорк Тајмс.
– Парите претставуваат чест. Ако дадам дете без надомест, тоа значи дека сум просјак без авторитет и дека никој нема почит кон мене, автоматски никој нема да го почитува моето дете и целото семејство губи почит – вели Атанас, татко на невеста.
Дојче веле во краток документарец еднаш ја објави приказната за овој необичен обичај, следејќи ги двете девојчиња Тена (17) и Марија (19) додека се подготвуваат да одат на пазар, што значеше многу пазарење и подготовки во обид можеби да се најде вистинската љубов на овој начин и тие да организираат свадба.
Сè започнува како училишен танц. Момчињата и девојчињата стојат во две одделни групи, само повремено се ракуваат или се мерат едни со други. Тие се опкружени со млади мажи, чии семејства на овој начин сакаат да најдат соодветни сватови. Нивните родители стојат во позадина и гледаат, а доколку нивното дете најде соодветен партнер, почнуваат преговори за тоа колку семејството на младиот човек мора да плати за да добие девојка.
Но, оваа традиција е сериозно разнишана токму поради фактот што младите Роми повеќе не сакаат нивните родители да им склучуваат бракови. Со мобилните телефони добија увид во светот околу нив.
Денеска лимарите се помалку се занимаваат со производство на тенџериња, бидејќи во денешно време оние од Кина се поевтини. Затоа, мажите од оваа ромска заедница се повеќе се занимаваат со земјени работи. Тие одат во други земји како приматели на плата, а кога ќе се вратат, полека ги носат обичаите на другите култури во нивната заедница.
Постарите жени од Калдераши се повеќе се залагаат за автономија. Сакаат да „излезат“ од дома, но лошото образование и економската нестабилност ги спречуваат во тоа.
Дотогаш невестинскиот пазар продолжува, но во многу помал обем.
Блиц.рс
Фото: Принтскрин: Дојче Веле
