Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најавени концерти во дивоградба во Карпош – Општината предупредува на опасност
Македонија

Најавени концерти во дивоградба во Карпош – Општината предупредува на опасност

22/05/2025

AA

Општинскиот градежен инспектор води постапка за бесправно изграден објект кој се наоѓа спроти поранешна американска амбасада или популарно, како што граѓаните попознато го знаат како клуб „АБЦ“.

Објектот, кој денес функционира под името Ria’s (Риа’с), е изграден без соодветна дозвола и не ги исполнува основните безбедносни стандарди.

Иако постапката е во тек, а сопствениците избегнуваат соработка со надлежните институции, во објектот се најавени големи музички настани. За 5 јуни е закажан настап на хрватската пејачка Јелена Розга, на 19 јуни српската ѕвезда Наташа Беквалац, а на 26 јуни Владо Георгиев.

Општина Карпош преку ова јавно известување апелира до сите надлежни институции — Пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и други релевантни органи — итно да постапат во рамки на своите надлежности.

Се работи за објект кој е безбедносен ризик и не ги исполнува законските минимум стандарди за организирање јавни настани. Со ваквото однесување се загрозуваат животите на посетителите, како и на самите изведувачи.

Дополнително, Општина Карпош ја изразува својата зачуденост што и покрај неодамнешните трагични случувања во Кочани, одредени музичари прифаќаат да настапуваат во објекти кои се небезбедни и бесправно изградени. Ваквиот однос е неодговорен и спротивен на етичките норми за заштита на јавната безбедност.

Општината ќе продолжи со сите законски мерки за решавање на овој случај и повторно апелира за заедничка институционална акција со цел заштита на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy