Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА 9 ГОДИНИ ЦИГАРА, НА 13 АЛКОХОЛ Децата се клукаат со седативи, марихуана, кокаин, а фрлени се и на онлајн коцкање
Македонија

НА 9 ГОДИНИ ЦИГАРА, НА 13 АЛКОХОЛ Децата се клукаат со седативи, марихуана, кокаин, а фрлени се и на онлајн коцкање

19/12/2025

AA

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари, а првото искуство со алкохол го имале на 13 години. Ова се дел од наодите од последниот извештај од Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024, што го презентираше вчера Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

ЕСПАД е најстарата истражувачка иницијатива во Европа посветена на следење на трендовите на употреба на супстанции кај адолесцентите, основана во 1995 година од денешната Агенција за дроги на Европската унија (ЕУДА). Последното истражување во државава беше спроведено во 2024 година во 96 средни училишта и 182 паралелки. Опфатени беа 2.831 ученик, од кои 1.397 (49,3 проценти) момчиња и 1.434 ( 50,7 проценти) девојчиња.

– Највисоката преваленца на употреба на прва цигара (со исклучок на електронски или алтернативни производи) се јавува на возраст од 14 години (10,7 проценти) и 15 години (10,1 процент). Започнувањето започнува уште на 9 години или помлади кај 2,9 проценти од учениците, со мали, но конзистентни проценти на возраст од 10 години (1,6 проценти), 11 години (1,6 проценти) и 12 години (3,1 процент). На возраст од 13 години, стапката се зголемува на 6,3 проценти – истакна Сања Прошева, координаторка на проектот и авторка на истражувањето.

Податоците покажуваат дека 29,6 проценти од сите ученици користеле е-цигари барем еднаш во животот, со поголема преваленца кај момчињата (31,8 проценти) во споредба со девојчињата (27,5 проценти). Во однос на употребата во последниот месец, 11,7 проценти од учениците пријавиле неодамнешна употреба на е-цигари, со речиси идентични стапки помеѓу  момчињата (11,6 проценти) и девојчињата (11,7 проценти). Податоците покажуваат зголемување на употребата на е-цигари кај учениците, како во текот на животот, така и во последниот месец, помеѓу 2019 и 2024 година. Употребата во текот на животот се зголемила од 21 процент во 2019 година на 30 проценти во 2024 година, додека употребата во последниот месец се зголемила од 7,2 проценти на 12 проценти во истиот период.

– Податоците покажуваат дека највисоките стапки на прва употреба на е-цигара се јавуваат на возраст од 14 (10,4 проценти) и 15 (10,6 проценти). Започнувањето започнува уште на 9-годишна возраст или порано кај 1,3 проценти од учениците, со помал процент на возраст од 10 (0,9 проценти), 11 (0,9 проценти) и 12 (1,4 проценти) години. На 13-годишна возраст, стапката се зголемува на 6,1 процент, што укажува на значителен пораст на започнувањето во текот на раната адолесценција – рече таа.

Во истражувањето се посочува дека употребата на алкохол во текот на животот е малку поголема кај момчињата (63,5 проценти) отколку кај девојчињата (62 проценти), што резултира со вкупна преваленца од 62,7 проценти. Употребата на алкохол минатиот месец покажува поизразена разлика во половите, при што 40,4 проценти од момчињата и 34,6 проценти од девојчињата пријавиле употреба, а вкупната преваленца е 37,5 проценти.

Од 2008 до 2024 година, како што рече Прошева, употребата на алкохол во текот на животот кај адолесцентите покажува флуктуирачки тренд. Таа била 61 процент во 2008 година, се намалила на 57 проценти во 2015 година, достигнала врв од 67  проценти во 2019 година, а потоа се намалила на 63 проценти во 2024 година. Ова укажува, како што посочи, на вкупно зголемување во текот на 16-годишниот период, со значителен пораст помеѓу 2015 и 2019 година, проследено со мал пад во најновиот период. Во 2008 година изнесувала 39 проценти, се намалила на 38 проценти во 2015 година, малку се зголемила на 41 процент во 2019 година и повторно се намалила на 37 проценти во 2024 година.

Меѓу учениците, 28,5 проценти изјавиле дека го имале своето прво искуство со алкохол на возраст од 13 години или помлади. Ова однесување било позастапено кај момчињата, при што 34,7 проценти пријавиле рана употреба на алкохол, во споредба со 22,5 проценти од девојчињата. Кога станува збор за интоксикација, 6,7 проценти од учениците изјавиле дека биле интоксицирани за прв пат на возраст од 13 години или помлади. Повторно, преваленцата била поголема кај момчињата (8,3 проценти) отколку кај  девојчињата (5,2 проценти). Тешко епизодно пиење, односно пијанство (пет или повеќе пијалоци во една пригода) во последните 30 дена пријавиле 36,5 проценти од момчињата и 30,1 процент од девојчињата, што резултира со вкупна преваленца од 33,2 проценти. Ова укажува дека момчињата почесто се впуштаат во пијанство отколку девојчињата.

Транквилизери или седативи (дијазепам, лексилиум, валиум, хелекс) кои аптеките не би требало да ги издаваат без рецепт, употреба со рецепт во некоја прилика во текот на животот пријавиле 9,9 проценти од момчињата и 12,2 проценти од девојчињата, што изнесува вкупно 11 проценти. Употребата на седативи без рецепт била помала, со 5,7 проценти од момчињата и 7,5 проценти од девојчињата, што изнесува вкупно 6,6 проценти. Употреба на лекови против болки без рецепт за да се „надуваат“ пријавиле 10,3 проценти од момчињата и 9,9 проценти од девојчињата, што изнесува вкупно 10,1 проценти. Употребата на транквилизери или седативи во текот на живот без лекарски рецепт се намалила од 2008 до 2019 година, а потоа повторно се зголемила до 2024 година.

Податоците за употребата на канабис кај адолесцентите покажуваат дека 5,5 проценти од вкупното испитано население пријавило дека користело канабис барем еднаш во животот, 4,3 проценти во последната година, додека 2,6 проценти пријавиле употреба во последниот месец. Поделени по пол, преваленцата на употреба во текот на животот, минатата година и последниот месец кај момчињата е поголема во споредба со девојчињата.

– Преваленцата на рана употреба на канабис – дефинирана како прва употреба на 13 години или помлади – е релативно ниска кај учениците. Генерално, 1,3 проценти од учениците пријавиле дека започнале со употреба на канабис на оваа рана возраст. Кога се анализирани по пол, момчињата имаат повеќе од двојно поголема веројатност од девојчињата да почнат рано да користат канабис, при што 1,7 проценти од момчињата во споредба со 0,8 проценти од девојчињата пријавиле употреба на 13 години или помлади. Преваленцата на употреба на канабис на возраст од 13 години или помлади кај учениците останала релативно стабилна во периодот од 2008 до 2024 година, со мали флуктуации. Генерално, вкупниот процент на ученици кои започнуваат со употреба на канабис на 13 години или помлади нема значителни разлики. Кокаин е пријавен од 1,5 проценти од учениците во текот на нивниот живот, повторно почесто кај момчињата (1,9 проценти) отколку кај девојчињата (1,2 проценти). Минатата година употребата изнесувала 1 процент – рече Прошева.

Во изминатите 12 месеци, еден од четири ученици (25 проценти) изјавил дека се коцкал за пари. Распределбата по пол укажува на тоа дека коцкањето било значително почесто кај момчињата, при што 34 проценти пријавиле вклученост во такви активности, во споредба со само 16 проценти од девојчињата. Онлајн коцкањето (онлајн слот машини, онлајн игри со карти или коцки, онлајн
лотарии и онлајн обложување на спорт или животни) е помалку застапено во целина, но се забалежува родова разлика. Вкупно 15 проценти од учениците пријавиле онлајн коцкање, при што 21 проценти од момчињата и само 9 проценти од девојчињата се вклучиле во овој облик на коцкање.

Повеќето превентивни активности околу овие негативни појави (42,5 проценти) се случиле во текот на редовното училишно време, главно спроведени од наставници (26,3 проценти).

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy