Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗТ доцна се разбуди: Работнички по 1.010 дена конечно победи во вечното дерби (ФОТО)
Спорт

МЗТ доцна се разбуди: Работнички по 1.010 дена конечно победи во вечното дерби (ФОТО)

25/01/2024

AA

Кошаркарите на Работнички конечно ставија крај на можеби најдолгата серија порази во пресметките со најголемиот ривал, откако вечерва како гости го совладаа МЗТ Скопје (95-91) во меч од 15. коло принудно одигран во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода поради зафатеноста на арената во Аеродром.

Ова беше прв триумф на центарци по низата од девет порази по ред, односно по пауза од дури 1.010 дена (претходно триумфираа во април 2021 година), нешто што досега им се нема случено против ниту еден тим во макбаскетот. Црвено-белите апсолутно заслужено дојдоа до триумфот, со оглед што доминираа во повеќе од три четвртини. Избраниците на тренерот Горан Самарџиев на стартот од последниот период дојдоа до највисоки плус 21 (82-61) што како премногу да ги опушти, што „металците“ го искористија и со серија 20-6 прво намалија на минус седум (81-88), а потоа и на минус пет, кога Ејасу Ворку направи две големи грешки да го донесе својот тим само на еден посад разлика. Времето немилосрдно течеше за шампионот, па најмногу што можеа да сторат е да дојдат на поен до ривалот, но Дамјан Робев го промаши последниот шут за тројка.

Квентон Декоси со 23 поени и осум скока и Стојан Ѓуроски со 20 поени беа најпрецизни во победничкиот тим, додека Душан Танасковиќ со 26 поени беше убедливо најдобар во таборот на аеродромци. Составот од скопската населба Центар со 12 тројки го торпедира ривалот и тоа со речиси 50-отстотна прецизнот, а беше и далеку понадмоќен во скокот со дури 14 фатени топки повеќе под обрачите (39-24)

За Работнички ова беше петти по ред триумф во Првата лига со кој барем привремено се искачи на втората позиција на табелата со скор 11-4, веднаш зад МЗТ кој има учинок 12-3 по вториот во низа неуспех во новата година, откако пред неколку дена дома загуби и од Пелистер.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy