Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗ: Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
Македонија

МЗ: Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

02/04/2025

AA

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.

Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.

Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќање од Полска, истиот денеска се пушта на домашно лекување. 

На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски 6 пациенти. 

Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти.

Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод – МСПДМ:

03/03/2026
Македонија

Навивачи на „Шкендија“ фрлале предмети за време и по натпреварот

03/03/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИЧКА ВОЗНЕМИРУВАНА ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 23-годишник ја следел додека се

03/03/2026
Македонија

Почна судењето на полицајците поврзано со пожарот во „Пулс“ –

03/03/2026
Македонија

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не

03/03/2026
Македонија

Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош

03/03/2026
Македонија

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД

03/03/2026
Македонија

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42167
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Починатата Ивана во октомври поднела тужба за развод – МСПДМ: Секое евентуално пропуштање ќе биде

03/03/2026

По трагичниот настан во кој животот го загубија мајка и дете, Министерство за социјална политика, демографија и млади соопшти дека веднаш презело

Навивачи на „Шкендија“ фрлале предмети за време и по натпреварот со „Пелистер“

03/03/2026

На 02.03.2026 во 14:00 часот на Градскиот стадион во Тетово, за време на второто полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу екипите

МАЛОЛЕТНИЧКА ВОЗНЕМИРУВАНА ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 23-годишник ја следел додека се враќала од училиште

03/03/2026

Во СВР Тетово, 49-годишник од Тетовско синоќе пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од Kратовско, со кого

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy