Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби
Македонија

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби

03/03/2026

AA

Од министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека, согласно најновите податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу Даби.

Од вкупниот број, 19 лица се пријавиле од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин.

Според информациите добиени од надлежните власти, засега не се препорачува евакуација по копнен пат за македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и во Обединети Арапски Емирати. Евакуацијата ќе започне во првата безбедна прилика, а веќе се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување штом се создадат соодветни услови.

Во однос на граѓаните кои се наоѓаат во Тел Авив, Министерството активно ги анализира можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата.

Од институцијата уште еднаш апелираат македонските државјани редовно да ги следат предупредувањата и насоките на локалните надлежни органи. На 24-часовно располагање остануваат дежурните телефонски линии на кризниот штаб при Министерството, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва.

Јавноста ќе биде навремено информирана за сите дополнителни активности и развој на состојбата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ ПРОСТОР ЗА КОРУПЦИЈА Андоновски повикува на развој

26/10/2026
Македонија

717 студентски пријави за шест месеци: Доцнат стипендиите, во студентските

26/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ 68 КИЛОГРАМИ КОКАИН БЛАГОДАРЕНИЕ НА МВР Македонец приведен во

26/10/2026
Македонија

ПРВО ПАДНАА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ, А ПОТОА ВУЧИЌ Ист пејач

26/10/2026
Македонија

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО СКОПСКО Двајца упаднале во куќа со огнено

26/10/2026
Македонија

КРАДЕЛЕ ВО АВТО-КАМП ВО ОХРИД, УКРАДЕНОТО ГО НАТОВАРИЛЕ НА МОТОРИ

26/10/2026
Македонија

СКОПЈАНКА ФРЛИЛА ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ ВО ФИРМАТА КАДЕ ШТО РАБОТЕЛА Ја

26/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ЌЕ БИДЕ СВЕДОК НА СУДЕЊЕТО НА ДЕВЕТТЕМИНА ПОЛИЦАЈЦИ

26/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46381
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОМАЛКУ ПРОСТОР ЗА КОРУПЦИЈА Андоновски повикува на развој на сопствена вештачка интелигенција

26/10/2026

Дигитализацијата сама по себе не е решение за високата корупција, за чие сузбивање се надлежни други институции, но може да

717 студентски пријави за шест месеци: Доцнат стипендиите, во студентските домови пријавени лебарки и глувци

26/10/2026

Студентите во Северна Македонија се соочуваат со финансиски проблеми, лоши хигиенски услови и административни пропусти. Анализата на платформата „Студентарија“ евидентира

ЗАПЛЕНЕТИ 68 КИЛОГРАМИ КОКАИН БЛАГОДАРЕНИЕ НА МВР Македонец приведен во Франција со дрога скриена во

26/10/2026

Француските безбедносни служби заплениле 68 килограми кокаин на наплатната станица Фонтен во Франција, откако добиле оперативни информации од македонското Министерство

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy