Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата
Македонија

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата

15/04/2024

AA

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и претставникот од УНФПА, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ.

Демири потенцираше дека покрај преминувањето од четиривалентна на деветвалентна, ХПВ вакцината ќе биде достапна и за момчињата.

-Со ова, го следиме примерот на високоразвиените европските здравствени системи и обезбедуваме поголема заштита на младата популација од ХПВ вирусите. Деветвалентната ХПВ вакцина е од светски реномиран производител, МСД од Холандија и ги исполнува највисоките критериуми за квалитет, безбедност и ефикасност. ХПВ вакцината обезбедува долготрајна повеќегодишна заштита од инфекции предизвикани од хуман папилома вирус и од развој на преканцерозни лезии, рече Демири.

Грозданова истакна дека целта за вакцинирање на момчињата е двојна и дека со тоа се спречува момчињата да бидат трансмитери, односно да ја пренесуваат ХПВ инфекцијата, но и самите да бидат заштитени бидејќи и кај нив се развиваат ХПВ асоцирани болести.

-Најчестите ХПВ асоцирани болести кај жените се цервикалниот карцином на грло на матка, кацином на вагина, вулва и анус, додека кај мажите тоа е ларциномот на пенисот, карцином на анусот и кај двата пола забележан е пораст на ортофаријангијалниот карцином. Со вакцинирање на возраст помеѓу 12 и 15 години се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот. Се вакцинираат и девојчиња и момчиња пред да бидат изложени на вирусот, рече проф. Грозданова.

Деветвалентните ХПВ вакцини ќе бидат достапни од следниот месец во сите вакцинални пунктови во државата.

„Вакцините досега спасија повеќе животи од кој било друг пронајдок во историјата на човештвото. Го знаеме ова како факт. Кога родителите го вакцинираат своето дете, тие го штитат од болести своето дете, другите деца и целата заедница“, рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Родителите и децата ја имаат најважната улога во процесот на одлучување за ХПВ вакцината и затоа им се потребни проверени информации за да ги разберат придобивките од вакцината. Важно е сите ние да продолжиме да вложуваме напори за ниту едно дете да не пропушти вакцини што спасуваат живот поради дезинформации и лажни вести. Нашата порака е многу едноставна – да се биде вакциниран е најдобриот начин да се спречи ХПВ инфекција, рак на грлото на матката и други видови рак поврзани со ХПВ“.

-По повод воведување на новата вакцина, искрени честитки за напредокот на државата кон остварувањето на долгорочните стратешки цели од „Агендата 2030“. Вклучувањето на момчињата во процесот на вакцинација, нè приближува сите до посакуваното зголемување на опфатноста со ХПВ вакцина во Северна Македонија од околу 90%. Воедно, голема, искрена благодарност и до новинарите, чија улога и помош во обликувањето на јавното мислење високо ја цениме. Ви благодариме што сте наши партнери на патот кон подобро здравје за сите, истакна д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на Светската здравствена организација

Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентна вакцина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се

19/08/2026
Македонија

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на

19/08/2026
Македонија

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги

19/08/2026
Македонија

„Кога гори македонска земја, нема граници“: Хероите на градот тргнаа

19/08/2026
Македонија

Ниту еден македонски универзитет меѓу 1.000 најдобри во светот

19/08/2026
Македонија

Странски возачи чекаат во ред на Табановце за да ги

19/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: СДСМ создава паника за комарците, Град Скопје спроведува континуирана

19/08/2026
Македонија

Кризата со западно-нилската треска во Скопје ескалира: СДСМ бара одговорност

19/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45125
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Повторно лажни СМС испратени од МВР: Никако да не се споделуваат лични податоци

19/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку

МВР: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце

19/08/2026

Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот

Телевизиите во Македонија најважните спортски натпревари ќе мора да ги емитуваат бесплатно

19/08/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе нова одлука со која се утврдува листа на настани од големо значење

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy