Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР вршеше увид во Собрание по вчерашните нереди – се врши проценка
Македонија

МВР вршеше увид во Собрание по вчерашните нереди – се врши проценка

21/11/2023

AA

Екипи на МВР извршиле увид во сала „Македонија“ во Собранието каде вчера пратеници од политичката партија Левица кршеа монитори, компјутери и демолираа инвентар од салата за пленарни седници.

„Увидот од страна на МВР е завршен,во моментов се врши проценка од страна на собраниска комисија,осигурителна компанија и Бирото за судски вештачења.После тоа ќе знаеме точно за висината на штетата“, информираат денеска од Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА денеска изјави дека натаму постапката треба да ја води обвинителството, или по пријава од полицијата или по допрен глас од она што се гледа дека се случувало на седницата од која има директен пренос како на Собранискиот канал така и преку веб – страната на Парламентот.

За тоа колкава материјална штета е направена дополнително ќе биде соопштено, вели тој, но таа, нагласува Џафери ќе треба да биде надокнадена од пратеникот Борислав Крмов од Левица, кој го искрши мониторот и друг инвентар на претседавачката маса во Пленарната сала.

– Ако некој од вработените направи штета на работа, тој го плаќа трошокот, посочува Џафери и додава дека така ќе биде и во овој случај.

Поради неможноста пленарните седници да се одржуваат во Салата за седници од денеска до санирање на штетата тие ќе се одржуваат во Големата сала со купола, вклучувајќи го и обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

-Имајќи прeдвид дека во текот на денешната работа е направена материјална штета и е онеспособен системот за работа седниците на Собранието натаму до отстранување на штетата до поправка на оштетениот дел ќе се одвива во салата Купола. И утрешната свечена седница ќе се одвива таму, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери по завршување на продолжението на 131. седница. Пленумот ќе продолжи со работа по оваа седница денеска во 11 часот.

Пратениците на Левица вчера предизвикаа инцидент за време на амандманската расправа за новиот Деловник за работа на Собранието. Борислав Крмов искрши дел од инвентарот вклучувајќи и монитор од претседавачката маса и се расфрлаше со листови од амандманите, а потоа нему му се придружи и Димитар Апасиев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45876
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy