
МВР со детали за апсењето на командант Бреза
Како што објавивме вчера беше уапсен командант Бреза.
На 2 јуни 2025 година, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го уапсија Х.Б. (43) од Скопје. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за разбојништво, како и шест години затвор за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци.
Исто така, Х.Б. е предмет на повеќе истраги и мерки притвор за други кривични дела, меѓу кои се нарушување на јавниот ред и безбедност и други сериозни прекршоци според Кривичниот законик.

