Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски: Средствата за одбрана се инвестиција во безбедност, економија и иднината
Македонија

Муцунски: Средствата за одбрана се инвестиција во безбедност, економија и иднината

27/06/2025

AA

Зголемувањето на буџетот за одбрана до 5 проценти од БДП не е насочено само кон класични воени набавки, туку претставува стратешка инвестиција во безбедноста, економијата и инфраструктурата на државата. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

– Одиме кон пет проценти за да не бидеме во ситуација некогаш да мораме да трошиме 30 или 40 проценти од БДП, како што трошат држави кои се соочуваат со конфликти на своја територија – порача Муцунски.

Средствата ќе бидат наменети не само за модернизација на армијата, туку и за развој на сајбер безбедноста, инфраструктурата, нато-коридорите и поддршка на иновации и стартап компании со стратешко значење за националната безбедност.

На прес-конференцијата, на која беше презентиран извештајот за сработеното во првата година од мандатот на Владата, министерот потенцира дека оваа политика е усогласена со стандардите и одлуките на НАТО, донесени со консензус од сите земји членки.

– Ова не е одлука само на нашата Влада. Сите членки на Алијансата ја поддржуваат стратегијата за зголемување на трошоците за одбрана, но со проширен фокус кој вклучува и економска и технолошка безбедност – истакна Муцунски.

Тој објасни дека освен воена модернизација, средствата ќе се вложуваат и во критична инфраструктура со стратешко значење за државата, како и во зајакнување на индустриската база преку производство на наменска опрема и поддршка на нови технологии.

– Тоа значи повеќе сигурност, но и нови работни места, посилна економија и одржлива развојна база. Ова се историски, генерациски одлуки кои ќе останат релевантни и за идните влади – заклучи Муцунски, додавајќи дека целта е долгорочна стабилност и заштита под НАТО-чадорот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy