Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Му ставија привремен пејсмејкер на норвешкиот крал
Македонија

Му ставија привремен пејсмејкер на норвешкиот крал

02/03/2024

AA

На 87-годишниот норвешки крал Харалд V му е поставен привремен пејсмејкер во Малезија, јави ДПА. Причината е бавниот пулс на монархот, прецизираат од палатата во Осло.

„Одлуката беше донесена утрово и операцијата беше успешна. Кралот се чувствува добро, но сепак му треба одмор“, се вели во соопштението на палатата.

„Пејсмејкерот ќе го направи побезбедно за кралот да се врати дома за неколку дена“, изјави за ДПА, анестезиологот на Харалд, Бјорн Бендз.

Потсетуваме дека кралот заболел од инфекција за време на одмор во Малезија и оваа недела бил однесен во локална болница. Вчера авион слета на аеродромот Лангкави за да го однесе дома.

Норвешкиот кралски двор во четвртокот (29-ти февруари) објави дека најстариот монарх во Европа сè уште се лекува во болница и дека целта е тој да може да лета назад во Норвешка за неколку дена.

Кралот Харалд V веќе некое време се бори со здравствени проблеми. Неодамна имаше респираторна инфекција.

Норвешкиот крал е на тронот од 1991 година, кога ја презеде функцијата од својот татко, кралот Олаф V.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy