Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Му дала 2.700 евра, па барала да и врати 15.000 евра – приведена лихварка од Струмица
Македонија

Му дала 2.700 евра, па барала да и врати 15.000 евра – приведена лихварка од Струмица

27/02/2026

AA

На 26.02.2026 во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.

Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода. Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.

Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници

27/02/2026
Македонија

Семејствата бараат одговорност: Споредба на реакциите по трагедиите во Швајцарија

27/02/2026
Македонија

Отстранета дивограбата на познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“ во Аеродром

27/02/2026
Македонија

ЗА ДОЛГ ОД 2.700 ЕВРА МУ БАРАЛА ДУРИ 15.000 Падна

27/02/2026
Македонија

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во

27/02/2026
Македонија

Продолжува стабилно и релативно топло време

27/02/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНИК ОД „ИДРИЗОВО“ ЈА ДОБИ ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР Му била

27/02/2026
Македонија

Му дала 2.700 евра, па барала да и врати 15.000

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42016
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите

27/02/2026

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна

Семејствата бараат одговорност: Споредба на реакциите по трагедиите во Швајцарија и Кочани

27/02/2026

Здружението на граѓани „16ти Март 2025“ реагира со споредба на институционалните одговори по трагедијата во Crans-Montana во Швајцарија и трагедијата

Отстранета дивограбата на познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“ во Аеродром

27/02/2026

Активностите за уредување и враќање на јавните површини во првобитна состојба повторно се тема на јавна расправа во Општина Аеродром,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy