Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МУ ЈА НАЈДОА УКРАДЕНАТА КОЛА ВО ГРЦИЈА: Еве за што ја користеле крадците и во каква состојба ја оставиле
Регион

МУ ЈА НАЈДОА УКРАДЕНАТА КОЛА ВО ГРЦИЈА: Еве за што ја користеле крадците и во каква состојба ја оставиле

03/08/2023

AA

Факт е дека ова лето како никогаш досега, некои од туристите кои беа на одмор во оваа земја, претрпеа невидена штета, бидејќи им беа украдени автомобилите.

Деновиве, во групата “Грција инфо“, сопственик на една од украдените коли објави дека возилото му било пронајдено. Иако е во прилично лоша состојба, вели дека е подобро да ја сервисира, отколку да купува нова.

„Здраво на сите. Сопственик сум на Kia Sportage, која фала богу е пронајдена и вратена. Не сакав да објавам ништо додека не завршивме сè и не ја вративме колата дома. Би сакал да им се заблагодарам на сите добри луѓе кои се грижеа, и кои на некој начин ни помогнаа со различни информации. Исто така, благодарност до грчката полиција која го најде автомобилот, а особено им благодарам на луѓето таму кои ни помогнаа и олеснија да го донесеме автомобилот дома. Накратко, автомобилот се користел за транспорт на мигранти, а додека не бил пронајден поминал околу 2.500 километри. Посебно сакам да му се заблагодарам на полицаецот кој го забележа автомобилот и кога возилото требаше да биде запрено побегна. За среќа доживеале несреќа и го оштетиле автомобилот, па го оставиле и избегале. Колата е во возна состојба, но треба да се инвестира додека не се поправи. Подобро од нов автомобил. Во прилог на ова ќе објавам слика од колата во каква состојба е, но би сакал и да го свртам вниманието на луѓето да го споделат овој пост бидејќи видов уште 3 коли со наши таблички, па не знам дали луѓето знаат дека нивниот автомобил е пронајден. Ако некој препознае или може да се најдат сопствениците, пишете ми во DM да му ја дадам точната локација на колите. Им благодарам на сите уште еднаш. Во нов пост ќе ги наведам колите што ги видов на истиот паркинг каде што ги подигнав моите. Со други зборови, тоа е паркингот на возилата што се користеа за криумчарење мигранти“ се вели во објавата на човекот кој си го пронашол возилото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy