Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МТСП со соопштение за трагичниот настан во светиниколско!
Македонија

МТСП со соопштение за трагичниот настан во светиниколско!

11/01/2024

AA

Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд изразуваат искрено сочувство до семејството на жртвата објавува за трагичниот настан колективна несреќа при работа на двајца работници со фатален исход за едниот работник О.Т. и потешка повреда при работа на другиот работник С.Ј.

Несреќата се случила на ден 08.01.2024 година (понеделник), околу 10:30 часот, во фарма кај с.Амзабегово, Свети Николе, на локација – шахта од отворен тип која се наоѓа на отворен простор до Лагуната и Хала 1 во состав на фармата и е дел од систем за добивање и пренос на течно ѓубриво за земјоделски потреби

Државните инспектори за труд извршија увид на настанот со цел утврдување на фактичката состојба и увид во документите во правниот субјект за почитување на прописите од областа на безбедност и здравје при работа и работните односи.

Државните инспектори за труд по извршените вонредни инспекциски надзори утврдија дека не се превземени соодветни мерки во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа односно :

-Работодавачот дозволил пристап на ангажираните работници О.Т. и С.Ј. на работни места на кои биле изложени на сериозни и специфични опасности, а притоа не добиле посебни упатства за работа, во работниот простор не биле поставени знаци за опасност, предупредување и знаци за задолжително однесување

-Работодавачот не изготвил и спровел изјава за безбедност со спроведување на постапка за Проценка на ризик на работните место помошник мајстор на кое работел сега починатиот работник О.Т. и на работното место општ работник на кое работел повредениот работник С.Ј.

-Работодавачот не обезбедил соодветна обука од областа на безбедност и здравје при работа врз основа на програма за специфичноста на работните места помошник мајстор и општ работник

– Работодавачот не обезбедил соодветна лична заштитна опрема за двајцата повредени работници

Врз основа на утврдената фактичка состојба од страна на Државните инспектори за труд ке биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на

22/09/2026
Македонија

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА

22/09/2026
Македонија

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч

22/09/2026
Македонија

📷 НАД 100.000 ЕВРА И ЛЕКОВИ ЗАПЛЕНЕТИ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА

22/09/2026
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45731
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со

22/09/2026

Вработени во Основниот суд во Куманово поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана

УНГАРЕЦ СЕ ОБИДЕЛ НЕЛЕГАЛНО ДА ВНЕСЕ 200.000 ЕВРА ВО МАКЕДОНИЈА Најдени му се при претрес

22/09/2026

На граничниот премин Табановце кaj унгарски државјанин откриени се 200 илјади евра, кои тој се обидел нелегално да ги внесе

ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

22/09/2026

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy