Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мртов млад маж најден утрово под  Железен мост во Велес
Магазин

Мртов млад маж најден утрово под Железен мост во Велес

20/02/2024

AA

Човечкиот труп на млад велешанец утрово  е најден под  Железен Мост, во населбата Дворови во Велес.На лице место била повикана екипа на Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес,информира за МИА, Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Јавниот обвинител Анастасија Миланова беше на местото на настанот и според првичните информации, како што од ОЈО Велес за медиумите соошти Цветанка Богоевска Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес, таа констатирала дека на телото на пронајдениот мртов 34 годишниот маж немало  траги на насилство.

-Станува збор за велешанец роден 1990 година, а неговото тело лежело на земјена површина под мостот на скоро средина од должината на железната конструкција. Во првичните информации можам само да соопштам дека на телото на 34 годишниот маж нема траги на насилство, ниту убодни рани. Земени се примероци од дополнителни траги на лице место, како и друг вид на материјал што ќе биде испратен во Одделот за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи во Скопје. Обвинителката Миланова веќе побара телото на починатиот маж да биде испратено на обдукција во Институт за судска медицина во Скопје, информира  Цветанка Богоевска Основен јавен обвинител за подрачјето на Велес.

Инаку, на Обвинителството во Велес познат му е идентитетот на мртвиот велешанец. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43976
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026

Безбедноста останува наш највисок приоритет, а во изминатите две години покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка се постигнуваат

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно пари за минимална пензија

26/06/2026

Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy