Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби
Македонија

МПС ги повика членовите на 4 февруари доследно да ги извршуваат задачите, а политичките партии да не ги заплашуваат вработените во безбедносните служби

03/02/2023

AA

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција во пресрет на чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, во пишаното обраќање го повикува своето членство доследно да ги извршуваат своите работни задачи согласно законската регулатива на
Република Северна Македонија.

– Да не се ставате во функција на политичките партии и други групации заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии и други групации, се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.

Само со професионален пристап и професионално работење, се посочува, ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните што тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи, така и за вработените во Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција.

– Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските или било какви други влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност, правна држава и непристрасно спроведување на
законите за сите, се вели меѓу другото во соопштението.

Од МПС ги повикуваат и политичките партии и нивните локални преставници, како и сите други радикални групации да не ги заплашуваат нивните членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи, како што стои, времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби.
Од МПС ги охрабруваат сите нивни членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од било кого.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се

30/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата

30/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На

30/10/2026
Македонија

УКИНАТИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 14 ПАЦИЕНТИ Повторно

30/10/2026
Македонија

УАПСЕН ТУРЧИН БАРАН ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Полицијата го фати

30/10/2026
Македонија

📷 ЈАНЕВСКА ПОКАЖА КАКО ЖИВЕЕЛЕ СТУДЕНТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА СДСМ,

30/10/2026
Македонија

МАЛИТЕ СИПАНИЦИ СЕ ЗАКАНА, ИЈЗ БАРА ПОГОЛЕМА ПРЕТПАЗЛИВОСТ Апел до

30/10/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ За четворицата осомничени

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46467
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се очекуваат во недела и во

30/10/2026

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата и младите меѓу приоритетите

30/10/2026

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори повика

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На Македонија ѝ требаат успеси, резултати

30/10/2026

Брвеница заслужува развој, заслужува сигурност, заслужува иднина во која младите ќе остануваат, семејствата ќе напредуваат, а секој човек, без оглед

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy