
МOЖНО Е ДА ИМА ПРОТЕСТИ: Словенците бараат повисоки плати
Во Словенија можно е да има протести поради платите. Синдикатите во Словенија бараат изедначување на најниската со минималната плата.
Здружението на слободни синдикати на Словенија (ЗССС) си постави за цел најниската основна плата да ја изедначи со минималната во 2024 година, објави СТА. Претседателката на Здружението, Лидија Јеркич, ги повика претставниците на синдикатот да направат притисок за раст на платите на сите нивоа.
Вели дека основните плати на многу места се пониски од минималната. ЗССС годинава ќе инсистира најниската основна плата во двата сектора да биде еднаква на минималната плата. Тоа значително би го почувствувале сите кои сега се исплатени до минималецот. Ако владата не излезе со предлог законско решение, тоа можат да го направат синдикатите со собирање потписи. Минималната месечна плата по законот во Словенија изнесуваше 1.203 евра лани во септември.
