Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Можеби сме на прагот на нешто важно за целиот свет“: Што изјави пратеникот на Трамп за Путин?
Македонија

„Можеби сме на прагот на нешто важно за целиот свет“: Што изјави пратеникот на Трамп за Путин?

15/04/2025

AA

Претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф три дена по средбата со Владимир Путин изјави дека рускиот претседател сака „траен мир“ во Украина.

„Можеби сме на работ на нешто многу, многу важно за целиот свет“, рече Виткоф синоќа во интервју за американскиот канал Фокс њуз.

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да стави крај на војната во Украина и ја прекина дипломатската изолација што Западот му ја наметна на неговиот руски колега за да разговара за тоа.

Неговата администрација одржува одделни разговори со високи руски и украински претставници, но досега тие разговори не доведоа до сеопфатен прекин на непријателствата.

Дипломатските преговори продолжуваат, без решителни отстапки од Москва. Киев и некои западни земји ја обвинуваат Русија, чија армија е поголема и подобро опремена на фронтот, дека намерно ги запира преговорите.

Виткоф се сретна со Путин во петокот во Санкт Петербург по трет пат откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари.

Состанокот, кој траеше повеќе од четири часа, на кој присуствуваа двајца блиски советници на рускиот претседател, Јуриј Ушаков и Кирил Дмитриев, се покажа „убедливо“, рече американскиот претставник, додавајќи дека се појавуваат „контурите“ на мировниот договор.

Виткоф рече дека „трговските можности“ меѓу САД и Русија се дел од преговорите и дека тоа може да „донесе вистинска стабилност во регионот“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy