Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОЖЕБИ НЕМАШЕ ФАНТАСТИЧЕН СКОК, АМА БИЗНИСОТ Е ЗДРАВ – браќата Накови со „Фершпед“ „газат“ по стабилни штици
Економија

МОЖЕБИ НЕМАШЕ ФАНТАСТИЧЕН СКОК, АМА БИЗНИСОТ Е ЗДРАВ – браќата Накови со „Фершпед“ „газат“ по стабилни штици

05/11/2024

AA

Високи приходи, стабилен
бизнис и стабилна добивка. На шпедитерскиот бизнис олицетворн преку компанијата
„Фершпед“ воопшто не му одело лошо оваа гподина, ама нема ни некои приходни или
профитабилни скокови во однос на истиот период од минатата година.
За разлика од, на пример, 2023 година, кога имаше голем раст на добивката за
околу 50 проценти, во првите девет месеци од годинава чистиот профит е зголемен
за три проценти, што воопшто не е лош резултат.

Еве како сработе Фершпед
во првите три квартали.

Билансот на успех говори
дека имаме една здрава компанија, со здрави и стабилни приходи, и што е уште
поважно, остварени од кор бизнисот, односно од основната шпедитерска дејност.

Па така, во првите девет
месеци од годинава „Фершпед“ остварил оперативни приходи од безмалку 57 милиони
евра, што е раст за 4 отсто во однос на истиот период од минатата година. Сите
овие приливи се должат на приходите од продажбата, кои тежат 56,9 милиони евра
или тука исто така имаме раст од 4 проценти.

Билансот на успех во
континуитет покажува дека компанијата на семејството Накови најголемите пари,
односно приливи, ги прави дома, па така приходите од продажба на домашниот пазар
се 56,5 милиони евра, што е раст за 6 отсто споредено со истиот период лани.

На странскиот пазар она
што се работело за девет месеци и донело на компанијата прилив од само 390
илјади евра, што и онака е мало како сума, но и има значајно намалување, за
цели 67 проценти во споредба со истиот период од минатата година.

И оперативните расходи
се тука некаде, тие биле на ниво од 55,3 милиони евра, со исто зголемување како
и приходите, за 4 проценти.

Главниот трошок,
логично, се услугите со карактер на материјални трошоци, на сума од 45,4
милиони евра, а и кај нив има стабилен раст од 4 проценти.

Набавната вредност на
трговските стоки ја чинела компанијата 5,5 милиони евра, и тука има малку
повисок раст, од 11 проценти.

А, за вработените се
исплатени 2,3 милиони евра, и она што е малку разочарувачки е дека тој трошок е
намален за 1 отсто, што значи дека или се намалил бројот на работници, што е
поверојатно, или, пак, има некои намалувања на месечните примања, иако станува
збор за ситен износ.

Како резултат на сето
ова оперативната добивка на компанијата е 1,7 милиони евра за девет месеци,
зголемена исто за 4 проценти.

Позначаен раст за 29
отсто имаат финансиските приходи, и тие изнесувале 127 илјади евра, а најголем
дел од нив, 82 илјади евра, се должат на приходи од вложувања, заеми, камати и
курсни разлики.

Финансиските расходи,
пак, биле само нецели три илјади евра, и добар сигнал е што кај нив има
намалување за дури 57 проценти.

Значи, на крајот на
денот чистата добивка на компанијата е 1,65 милиони евра, што е скромен раст,
но сепак раст од 3 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Инаку, акционерската структура во
компанијата е непременета подолг период и изгледа вака. Најголем
поединечен акционер во „Фершпед“ е „помалиот брат“ „Макошпед“, со 19,65 отсто од капиталот, а синовите на
долгогодишниот директор Штерјо Наков, Драган и Сашо Накови имаат по 11,83 и
11,04 отсто соодветно. Чоколадната фабрика „Европа“ има 9,66 отсто од
капиталот, а самиот „Фершпед“ поседува сопствени акции од 9,99 проценти од
капиталот.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy