Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОШТИ ОД СВЕТИ ВАСИЛИЈ ПРИСТИГНАА ВО МАНАСТИРОТ РАЈЧИЦА Подарок од Православната црква на Романија
Македонија

МОШТИ ОД СВЕТИ ВАСИЛИЈ ПРИСТИГНАА ВО МАНАСТИРОТ РАЈЧИЦА Подарок од Православната црква на Романија

02/02/2026

AA

Јеромонахот Стефан Симион од Православната црква на Романија, игумен на манастирот на светиот пророк Илија во Италија, во регионот Лацио, му подари дел од моштите на големиот христијански светител Свети Василиј Велики на манастирот „Свети Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица, дебарско. Моштите на еден од најголемите личности во историјата Црквата Христова и неуморен проповедник на правата вера од првите векови вчера пристигнале во манастирот.

„Препознавајќи жив и силен континуитет на светоотечкото предание, игуменот отец Стефан одлучил оваа скапоцена реликвија да ја испрати токму во манастирот Рајчица, доверувајќи го нејзиното пренесување на искушеничката Луминица, член на сестринството на Обителта“– се наведува во објавата на Бигорскиот манастир.

Историјата на оваа света реликвија дополнително го потврдува нејзиното исклучително значење.

Светите мошти му биле подарени на отец Стефан од ризницата на реликвии на Католичката црква, кои низ историјата биле пренесени од Истокот. За нивната автентичност сведочат оригиналните ватикански печати, втиснати под самите мошти, како и на задната страна од реликвијарот во кој тие се положени, објаснуваат од манастирот.

Со ова, дел од моштите на овој голем светител трајно ќе останат во манастирот во Рајчица каде верниците ќе можат да ги видат и да им се поклонат.

Свети Василиј Велики, роден во 330 година во Неокесарија, во Понт, а починал во 379 година, во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православните христијани на 14 јануари го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица, односно Стара нова година. Дел од останките на Свети Василиј има и во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе

23/09/2026
Македонија

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД

23/09/2026
Македонија

ЛЕКОВИТЕ ТРЕБАЛО ДА СТИГНАТ И НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА Тошковски откри

23/09/2026
Македонија

🎥 ПАДНА СНЕГ НА ПЕЛИСТЕР Копаоник обеле на последниот ден

23/09/2026
Македонија

ЗАЕВЦИ ВО ЊУЈОРК ГИ НОСЕЛЕ И КУЧИЊАТА И СОВЕТНИЦИТЕ „Епската“

23/09/2026
Македонија

680 КИЛОГРАМИ КАНАБИС ВО СКРИЕНА ПАРЦЕЛА Полицијата откри нелегална плантажа

23/09/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ СО ПОРАКА ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ „Не само да говориме

23/09/2026
Македонија

РОЗИ МИЦКОСКА НА ПРИЕМ КАЈ МЕЛАНИЈА ТРАМП Светска иницијатива за

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45743
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе ги контролира боледувањата

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се прават контроли во домовите на лица кои се на боледување

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД МОЛ? Одел ли на шишање

23/09/2026

Пратеникот Љупчо Николовски не се појави во судница, зошто не знам, и не дојде со факти против фактите кои јас

ЛЕКОВИТЕ ТРЕБАЛО ДА СТИГНАТ И НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА Тошковски откри дека дел биле за нашиот,

23/09/2026

Дел од нелегално внесените лекови што беа запленети во полициската акција против организирана криминална група биле наменети за продажба во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy