Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОРА ДА ИМАМЕ ПРЕДВИДЛИВОСТ И ГАРАНЦИИ НА ПАТОТ КОН ЕУ Министерот Муцунски за можноста за внесување на Бугарите во Уставот
Македонија

МОРА ДА ИМАМЕ ПРЕДВИДЛИВОСТ И ГАРАНЦИИ НА ПАТОТ КОН ЕУ Министерот Муцунски за можноста за внесување на Бугарите во Уставот

22/12/2025

AA

За нашата европска интеграција, прво не треба да има никаква дилема дека наш интерес е да се најде решение за овој спор кој очигледно постои со Бугарија. Ме охрабарува што се повеќе земји членки, а и европските институции развиваат свест и до некој степен и разбирање за нашите позиции. И често ќе го слушнам моментот поврзан со прашањето за предвидливост со контрааргументот дека предвидливоста не е нешто што со сигурност може да се добие по патот на европските интегарции. Но, на сите тоа им го кажувам, дека исто така нашиот случај на европска интеграција не може ниту да се мери, ниту да се споредува со кој било друг случај во поновата историја – рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека пред неколку дена на дискусија во Париз премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ потсетил за европскиот пат на нашата земја. Муцунски повтори дека земјава во последните повеќе од 30 години промени устав неколку пати, знаме, име и да не зборуваме за, како што рече, низата национални отстапки кои се направени.

– Сега, условно кажано, можеби најлесниот потег е, барем така перцепциски изгледа, Владата да ги направи уставните измени бидејќи имаме мнозинство во Собранието. Но, што доколку Владата го направи тоа и знаеме дека за шест месеци можеме повторно да се соочиме со истата ситуација? Дали е тоа одговорен, па и европски пристап? Ние велиме мора да има рамка за предвидливост, да знаеме прво што сите толкуваме како решение од 2022 година, да добиеме некоја форма на иниституционални гаранции, дека нашиот идентитет, јазик и национална историја нема да стане предмет на преговори бидејќи во моментот не се чувствуваме комотни, дека таква ни е позицијата. Да знаеме дека другата страна ќе ги почитува меѓународните конвенции, како што се обврзала и ќе ги почитува Македонците што живеат на нејзина територија. Дали овие позиции за кои зборуваше премиерот Мицкоски на Конгресот се јасно пренесени во Брисел, немајте никаква дилема. Подолг период тие се јасно пренесени – рече Муцунски на  заедничката прес – конференција со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија Елиса Спиропали.

Дали има охрабрување од одредени земји членки и од страна на европските институции и желба за воспостваување дијалог – Муцунски смета дека постои желба за воспоставување дијалог.

– И од наша страна има подготвеност уште утре да седнеме да разговораме, да дискутираме како ќе ја одблокираме оваа непринципиелна блокада која и се прави на нашата држава. Но, доколку некој очекува дека оваа Влада туку така ќе се согласи и ќе направи отстапка, без да има сигурност по иднината и завршетокот на европскиот пат, кој да, фактички ќе зависи од нас и од реформите што ќе ги спроведеме, јавноста добро знае дека таква подготвеност од наша страна нема, бидејќи не планираме да создадеме ќорсокак како што создадоа нашите претходници, посочи Муцунски.

Според него, комплексноста во целата ситуација е внатрешно-политичката состојба во Бугарија и затоа, како што рече, максимално сме внимателни и во сето тоа што ќе го кажеме јавно.

– Без сигурност, извесност и предвидливост по нашиот европски пат, кога се во прашање билатералните прашања, идентитетските и историските прашања, ние не сме подготвени во овој момент да пристапиме кон тоа што се очекува од нас – вели министерот Муцунски.

Тој соопшти дека македонските граѓани треба да бидат сигурни дека има Влада, која мисли на европскиот пат, посебно во делот на внатрешните реформи и додаде оти тоа се гледа и од законите што периодов поминуваат во собраниска процедура.

-Нема да дозволиме повторно да навлеземе во истиот циклус на блокади кои го наметнаа нашите претходници бидејќи најлесно им беше да прифатат се што ќе понуди другата страна. Треба внимателно и трезвено, а нема предизвик на кој доколку има волја од сите страни не може да се најде решение, вели Муцунски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
Македонија

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во

04/08/2026
Македонија

Пожарот кај Кавадарци е под контрола: Се очекува целосно гаснење,

04/08/2026
Македонија

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ПРЕГЛЕДИ ВО ГОСТИВАР: Регистриран уште еден сомнителен

04/08/2026
Македонија

Цената на бензинот паѓа, на нафтата се зголемува – од

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44849
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба: Се врши хиперхлорирање

04/08/2026

Водата во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење и за подготовка на храна, туку смее да се користи

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести испратен последниот партизан и прв

04/08/2026

Денес во Велес, со високи државни почести, до неговото вечно почивалиште беше испратен д-р Никола Стојановски — првиот претседавач на

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат со крем за сончање

04/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати итно предупредување и апел до родителите за преземање дополнителни превентивни мерки за заштита на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy