Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 MONEYVAL: Системот за лиценцирање на АСО ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање тероризам
Економија

MONEYVAL: Системот за лиценцирање на АСО ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање тероризам

17/07/2023

AA

Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на
Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени
дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за
осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во
2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето
пари и финансирањето на тероризмот. Во Извештајот е истакнато значењето на
супервизијата заснована на ризици, како и соработката со надлежните државни
органи.

Значаен придонес кон позитивната оценка имаат и
актите, анализите и проценките донесени од страна на Агенцијата и спроведените
обуки за зголемување на ефикасноста во работењето на друштвата за осигурување и
посредниците кои продаваат полиси за животно осигурување.

Во Извештајот на „Манивал“ позитивно се оценети и
високата свесност и ефикасноста на друштвата за осигурување на живот во борбата
против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Ваквата оценка е резултат на долгорочни, постојани и
сеопфатни напори за унапредување на регулаторната рамка и спроведување на
мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Извештајот за нашата земја беше усвоен  на
65-тата пленарна седница на „Манивал“ одржана на крајот на мај. Во Извештајот
дадена е позитивна оценка и за целокупната поставеност на системот за
спречување перење пари и финансирањето на тероризмот, што може позитивно да
влијае врз рејтингот на друштвата за осигурување на живот, а претставува и
признание за напорите и прогресот на АСО како финансиски регулатор.

Како резултат на двогодишен процес на евалуација во
повеќе фази, извештајот за Македонија беше разгледуван и усвоен на 65 пленарна
седница на Комитетот на експерти (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на
перење пари и финансирање на тероризам. Во рамки на целокупниот процес во кој
учествуваа АСО и друштвата за осигурување на живот, Комитетот MONEYVAL
изготви сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата со
меѓународните стандарди на Работната група за финансиска акција (ФАТФ).

Целиот извештај е достапен на следниот линк https://rm.coe.int/moneyval-2023-4-mer-northmacedonia/1680abebe9

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена

22/06/2026
Македонија

До 10.000 евра грант за сопствен бизнис: Отворен повик за

22/06/2026
Македонија

Мицкоски бара пониски цени во маркетите

22/06/2026
Македонија

УХМР со најава: Следуваат дождови, грмежи и локално невреме со

22/06/2026
Македонија

Големо намалување на цените на горивата: Дизелот поевтинува за 7

22/06/2026
Македонија

Мицкоски: Корисниците на вториот пензиски столб можеби ќе бидат разочарани

22/06/2026
Македонија

И Здравје и Работа: Државата има должност да ги искористи

22/06/2026
Македонија

Македонскиот рубин доби официјална заштита и стана национално богатство

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена можност

22/06/2026

Извозот е една од најважните алатки за намалување на трговскиот дефицит и зајакнување на домашната економија, но последниот извештај за

До 10.000 евра грант за сопствен бизнис: Отворен повик за невработени лица

22/06/2026

Лицата кои се без работа и имаат идеја за сопствен бизнис повторно добиваат можност да обезбедат финансиска поддршка за реализација

Мицкоски бара пониски цени во маркетите

22/06/2026

Намалувањето на цените на основните прехранбени производи ќе биде главна тема на денешната средба што премиерот Христијан Мицкоски ќе ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy