
Монца со гол од пенал во 99. минута ѝ откина два големи бода на Сампдорија! (ВИДЕО)
Сампдорија води грчевите битка за опстанок во Серија А и три бода од денешниот меч ќе донесеа голема надеж за опстанок и позитивна атмосфера во тимот, но наместо тоа се случи ново разочарување.
Сампдорија поведе со гол на Габиадини уште во 12. минута од натпреварот, но 20 минути подоцна Монца изедначи преку Петања на 1-1.
Во 58. минута Габиадини постигна уште еден гол и донесе ново водство за Сампдорија, овојпат од 2-1.
И кога се чинеше дека тимот на Станковиќ ќе ги однесе сите три бода од Монца, беше досуден пенал за домаќините, во 99. минута дадоа гол за конечни 2-2.