Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За двата километри автопат кај Блаце ќе се платат уште 10 милиони евра
Економија

За двата километри автопат кај Блаце ќе се платат уште 10 милиони евра

07/02/2023

AA

За „докомплетирање и отстранување на недостатоците“ на првата фаза од автопатот од граничниот премин Блаце до селото Блаце во должина од 2 километри, градежната компанија „Гранит“ доби уште еден договор од Јавното претпријатие за државни патишта.

Ова е еден вид на шок за јавноста, ако се знае дека „Гранит“ веќе доби еден договор за изградба на оваа фаза од автопатот од коридор 10 со кој Скопје треба да се поврзе со македонско-косовската граница и изнесуваше 14,3 милиони евра со рок на изведба до август 2021.

Новиот договор кој ЈП за државни патишта го објави на системот за јавни набавки е потпишан на крајот од минатиот месец и изнесува 10 милиони евра, односно 598,4 милиони денари без ДДВ или 706 милиони денари со ДДВ.

Во договорот се вклучени земјени градежни работи, заштита на косини, осветлување, инсталациони работи, бетонирање и армирање, врзување на карпа итн. Рокот на договорот е 36 месеци со можност за негово намалување или продолжување.

Изградбата на овој автопат доцни веќе неколку години. Во јануари 2020 година беше потпишан Договорот за изградба на првите два километра на автопатот, а во мај, два месеца пред вонредните парламентарни избори, на терен почнаа градежни активности за првата траса. 

„Рокот за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце во должина од два километра ќе се пролонгира бидејки тешко оди експропријацијата на земјиштето, а на терен излегле и други непредвидени ситуации“, кажа лани директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми.

За останатиот дел од автопатот од 10 километри, Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата (на 16 години), а 20,8 милиони евра се обезбедени како грант од ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Овој автопат треба да го скрати времето на патување Скопје-Приштина за 45 минути.

Александар Кузмановски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45035
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско осигурување

15/08/2026

Триесет и петгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена за околу 200.000 денари, откако телефонски ѝ било

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy