Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОН со нов повик за субвенциониран студентски оброк – проширен опсегот на мерката
Македонија

МОН со нов повик за субвенциониран студентски оброк – проширен опсегот на мерката

14/04/2025

AA

Министерството за образование и наука известува дека направени се измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите
запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Согласно законските измени, на следниот линк е објавен нов повик за остварување на правото, на кој можат да се пријават сите студенти кои припаѓаат на некоја од категориите согласно проширениот опсег на мерката. Рокот за аплицирање на овој вонреден повик трае од 14 до 16 април. Студентите пак, кои досега го остварувале ова право, немаат обврска да се пријават на повикот, односно продолжуваат со користење
на мерката.

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, што студентот ја добива од Министерството за образование и наука за купување приготвена храна. Корисниците имаат право услугата да ја користат од понеделник до сабота во текот на академската година, со исклучок на периодот од 1 јули до 1 октомври, како и за време на државни празници и неработни денови.

Од следниот месец – мај 2025 година, продолжува обврската на МОН за објавување на повици на месечно ниво, од први до петти во месецот, на кои ќе можат да сепријавуваат сите студенти кои претходно не ги исполнувале условите или поради било какви причини не аплицирале и не го оствариле ова право.

Проширувањето на опсегот на мерката е барање на Националното студентско тело.

Добрата соработка на МОН со студентските организации продолжува, како и заложбите на институцијата за олеснување на образовниот процес на младите. Во Буџетот на министерството за 2025 година, средствата за студентски стандард се зголемени за 18% споредбено со лани и изнесуваат речиси 2 милијарди денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Лицата без лични документи ќе добијат електронско здравствено досие преку

28/04/2026
Македонија

„Срамота – пуштете го, ние ќе му пресудиме“: Бурни реакции

28/04/2026
Македонија

ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на

28/04/2026
Македонија

Бран насилство врз малолетници во Скопје: Пријавени физички напади и

28/04/2026
Македонија

222 преживеани од Пулс имаат изгореници, оштетување на видот, инхалаторни

28/04/2026
Македонија

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски: Постојаниот терор ја

28/04/2026
Македонија

Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува систем на отпорност

28/04/2026
Македонија

Одбраната на сопственикот на „Пулс“ бара укинување на притворот, родителите

28/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42924
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Лицата без лични документи ќе добијат електронско здравствено досие преку „Мој термин“

28/04/2026

Во системот „Мој термин“ е активиран нов модул наменет за евидентирање на здравствените услуги за лицата без лични документи. Оваа

„Срамота – пуштете го, ние ќе му пресудиме“: Бурни реакции на родителите по барањето за

28/04/2026

На денешното судско рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, атмосферата беше исполнета со гнев и револт. Родителите

ИСОС ја најавува третата регионална конференција посветена на иднината на сметководствената професија

28/04/2026

Во организација на ИСОС – Институтот на сметководители и овластени сметководители, на 6 мај 2026 година во Скопје ќе се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy