Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОН: Градењето квалитетно образование е процес, ширењето дезинформации не придонесува за надминување на предизвиците
Македонија

МОН: Градењето квалитетно образование е процес, ширењето дезинформации не придонесува за надминување на предизвиците

02/02/2023

AA

Министерството за образование и наука редовно, транспарентно и одговорно информира за реформата на националниот образовен систем што е во тек, велат од МОН.

– Реформата се одвива етапно, согласно утврдениот план. Во основното образование, за учебната 2021/2022 нови наставни програми беа изготвени за прво и четврто одделение, а за учебната 2022/2023 за второ и четврто одделение. Учебниците се изработуваат соодветно на новите наставни програми, посочуваат од МОН.

Од Министерството истакнуваат дека за учебната 2023/2024 ќе има нови наставни програми и нови учебници за трето и шесто одделение.

– Наставните програми за трето одделение веќе се изработени и следи објавување на повик за учебници, а за шесто одделение во тек е изработката на наставните програми, соопштуваат од МОН.

Од Министерството нагласуваат дека изработката на учебниците е комплексен процес, чие реализирање минува низ пропишана постапка, воспоставена со цел учениците да добијат квалитетни содржини, да се елиминираат грешките и нелогичностите.

– Со оглед на комплексноста на процесот, бројни се и предизвиците, но со залагање на сите чинители, тие се надминуваат. Квалитетен систем на образование не се гради преку ноќ, ниту без совладување на проблеми, велат од МОН.

За Министерството за образование и наука разбирлива е загриженоста на учениците, родителите и јавноста за квалитетот на воспитно-образовниот процес во Република Северна Македонија. Токму затоа, велат од МОН, неопходно е сите засегнати страни да делуваат водејќи се од најдобриот интерес на учениците.

– Ширењето дезинформации и извртувањето на факти не е во интерес на градење на квалитетно образование. Ова го посочуваме од причина што во изминатите денови дел од медиумите пренесуваат наводна „изјава“ на министерот, дека сите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение ќе бидат обезбедени во септември, што невистина. Потсетуваме дека 90 отсто од учебниците за овие одделенија се набавени и веќе дистрибуирани до училиштата. Преостануваат учебниците по странски јазици за кои наскоро ќе започне објавувањето на огласи за изработка, известуваат од МОН.

Оттаму посочуваат дека секој од нас треба да одлучи дали ќе биде поддршка на процесот на реформи на образованието или од другата страна, што, како што велат, води кон пролонгирање на образовното назадување, со сите последици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК

12/11/2026
Македонија

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И

12/11/2026
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
Македонија

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ

12/11/2026
Македонија

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му

12/11/2026
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува

12/11/2026
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46746
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПЕЦЕ МАТЕВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА Го оштетил комбинатот за

12/11/2026

Две години казна затвор за Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК „Битола“ пресуди денеска битолскиот суд за незаконитости во тендерот

ДЕЛ ОД ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ ГРИП МОЖЕ ДА БИДАТ ДОСТАПНИ И ЗА НЕРИЗИЧНИТЕ ГРУПИ, НО ПРИВАТНО

12/11/2026

Минатата недела 26.000 вакцини против грип се пристигнати во Словенија, а очекуваме утре, најдоцна в понеделник, да бидат во употреба

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Реновирана ординацијата за општа

12/11/2026

Во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје во 2025 и 2026 година се вложени над 40 милиони денари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy