Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа
Економија

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

11/12/2024

AA

Во просториите на
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, денес беше официјализиран
стартот на 
проектот за развој на паметни електроенергетски
мрежи, кој има за цел да ги унапреди можностите за интеграција на обновливи
извори на енергија во Македонија и е основа за идни инвестиции и за справување
со предизвиците во електричната мрежа.

Оваа важна
соработка, под покровителство на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и
министерката Сања Божиновска, се реализира меѓу државната МЕПСО и компанијата
Коленко.

На настанот
присуствуваа претставникот на ЕБОР во нашата земја Фатих Туркменоглу,
амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи,
директорот на Коленко во Македонија, Никола Битрак, а посебно за овој настан во
Македонија пристигна и директорот на Коленко од Германија Хуберт Хосп.
Формализирањето на договорот беше следено и он лине од страна на Ања Шнајдер од
Блумберг.

„Овој проект за
развој на паметни електроенергетски мрежи не е само стратегија за планирање;
тоа се конкретни чекори за иднината на нашата енергетска структура. Како
Министерство, ние сме посветени на создавање одржливи решенија за нашата
енергетска трансформација. Наша обврска е модернизација на нашите енергетски
мрежи. Имаме одговорност кон нашите граѓани, нашите ресурси и нашата околина.
Имаме можност да изградиме мрежа која не само што ќе се носи денес туку ќе е и
солидна основа за идниот развој. Затоа, заедно со нашите партнери, ние ја
потврдуваме нашата посветеност на создавање паметна мрежа која ќе одговори на
предизвиците на времето во кое живееме. Оваа мрежа е наша иднина и нашето
наследство.“ истакна министерката Божиновска.

ЕБОР е партнер со
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, МЕПСО и ЕВН
дистрибуција, обезбедувајќи експертски ресурси за изработка на Студијата.

„Декарбонизација
на македонскиот енергетски сектор во континуитет е стратешки поддржана од
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Активно го поддржуваме МЕПСО во
напорите да ја модернизира и зајакне енергетската мрежа и да го спроведе овој
план во реалност. Ние сме посветени да и помогнеме на земјата при енергетската транзиција.“
изјави претставникот на ЕБОР во нашата земја Фатих Туркменоглу.

Македонија е на
пат да ја реализира својата енергетска агенда, која вклучува интеграција на 1,7
GW обновлива енергија до 2030 година. За реализација на целите клучна е
изработката на детална Студија за развој на мрежата во која јасно ќе се
адресираат предизвиците за интеграција на ОИЕ. Студиските истражувања треба да
послужат за ажурирање на 10-годишниот план за развој на мрежата (TYNDP) и
подготовка на робустен инвестициски план за да се овозможи непречена транзиција
и на преносната и на дистрибутивната мрежа.

„Нашата цел е
јасна, да создадеме енергетски систем кој е сигурен, доверлив и подготвен за
иднината. За таа цел, МЕПСО е посветен на модернизација на инфраструктурата,
развој на нови трансформаторски станици, подобрување на капацитетите за пренос
и инсталирање системи за мониторинг и заштита. Успехот на овој проект зависи од
нашата способност да соработуваме. Јас сум убеден дека преку ова партнерство со
ЕБОР, Министерството за енергетика, ЕСМ, ние од МЕПСО, МЕМО, ЕВН, мноштвото
производители на зелена енергија и сите засегнати страни, ќе успееме да ги
постигнеме амбициозните цели што сме ги поставиле.“ изјави директорот на МЕПСО,
Бурим Љатифи

Студијата ќе
примени современи решенија за „паметни мрежи“, користејќи искуства од
меѓународната пракса, вклучително и од Европската унија и други земји во
понапредните фази на енергетска транзиција и планирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy