Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МОДА“ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ЗАЖАЛИ ЗА ДРЖАВНАТА ПОМОШ ВО КОВИД ВРЕМЕТО – и парите ги вратија, и казна платија, и во загуба влегоа, еве кои се деталите
Економија

„МОДА“ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ЗАЖАЛИ ЗА ДРЖАВНАТА ПОМОШ ВО КОВИД ВРЕМЕТО – и парите ги вратија, и казна платија, и во загуба влегоа, еве кои се деталите

26/10/2023

AA

Дали државната помош што ја добија
компаниите во земјава за полесно пребродување на ковид кризата навистина им
помогна, но и дали сега, наместо да им е од корист, им одмага. Или со еден збор, дали тие ќе зажалат што ја побарале и добиле помошта. 

Домашната компанија „Мода“ од Свети
Николе се соочи со проблем сега да и е криво што користела државна помош за исплата
на плати на своите вработени, кога стопството беше најжестоко нападнато од
локдауните поради ковид вирусот.

Еве што всушност им се случило на „Мода“
од Свети Николе.

Во февруари и март 2021 година оваа
текстилна компанија добила помош од државата на сума од околу 200 илјади евра.
Но, две години подоцна, „Мода“ од Свети Николе е принудена не само да ја врати
целата помош од 108 илјади евра што ја добила за март, туку и да плати казнена камата
од 23 илјади евра. Исто така, „Мода“ за февруари вратила
половина од добиената помош, или 54 илјади евра. Или вкупшно компанијата морала да и врати на државата 185 илјади евра.

Сето ова е главната причина што
светиниколската компанија во првите девет месеци од годинава влегла во зоната
на загубата, односно имала негативен финансиски резултат од 217 илјади евра,
наспроти добивката од 40 илјади евра која била остварена во истиот период лани.

За ова барање назад на финансиската
помош мода поднела тужба до Управниот суд уште во април годинава, но таму
постапката сеуште не е почната.

„По решение на УЈП, АД Мода ја врати
целокупната добиена финансиска помош за март 2021 година во износ од  6.636.172 денари и исплати казнена камата од 1.409.523
денари. За февруари врати 50 отсто од исплатената финансиска помош или 3.331.619
денари. Бидејки АД Мода смета дека Решението на УЈП за март е незаконско,
поднесе тужба до Управниот суд, и ако го добие спорот, ќе добие назад 3.318.086
денари за помошта и 1.409.523 денари за исплатената казнена камата“, се вели во
образложението кое Мода го има доставено до јавноста преку Македонската берза.

Фактор на оваа тема разговараше со
извршниот директор на Мода, Ангел Димитров, кој вели дека на компанијата сосема
неправедно и била одземена финансиската помош.

„Ние воопшто не ги прекршивме
правилата на законот според кој беше доделена таа државна финансиска помош,
бидејќи тие налагаа компаниите кои ќе добијат ваква помош, да не го намалат
пројот на вработени. Ние во март имавме примено петмина вработени, а четворица
напуштија, и според УЈП тоа било основ да треба да ја вратиме помошта, и плус
да платиме кзанена камата. Причината што тие ја наведуваат е дека прво сме ги
примиле петмината вработени, па четворицата напуштиле, а требало да биде обратно.
Проблемот е што УЈП си дозволува таа да толкува закони, а за тоа е всушност
надлежна Законодавно-правната комисија при Собранието. Затоа ние поднесовме
тужба до Управниот суд, но не знаеме кога ќе почне постапката, таму работите не
одат баш брзо“, изјави Димитров за Фактор.

Да не било ова, компанијата ќе имала
малку послаби финансиски резултати, но сигурнио немало да има загуба.

„Во текот на на првите девет месеци
од 2023 година АД Мода оствари малку послаби производни резултати во однос на
минатата година. Остварен е извоз од 560.900 конфекциски единици што е за 5
отсто помалку од минатогодишниот, но  остварената
продуктивност мерена како евра на еден производен час изнесува 6,2 ЕУР/час и е
подобра за 15 отсто од остварената продуктивност во 2022 година. Остварен е
извоз од 2.562.214 евра, што е за 24 отсто подобро од истиот период во 2022
година. Просечната извозна цена изнесува 4,25 евра и е за 12 отсто подобра од
минатогодишната“, се вели во објавата од компанијата.

Инаку, треба да се напомене дека она
што главно го извезува компанијата, се машки кошули.

Инаку, компанијата во првите девет месеци
од годинава остварила оперативни приходи од работењето за 20 отсто повисоки од
истиот период лани, но расходите имале поголем раст, или за 34 отсто повисоки
од истиот период лани, а во што најмногу учествувале зголемените плати на
работниоците за 30 проценти.  

„Главното
зголемување е на трошоците за плати кои се поголеми за 29 отсто од
минатогодишните и вратената финансиска помош за февруари и март 2021 година“,
се вели во Образложението.

Во него се додава и дека во извештајниот
период АД МОДА нема исплаќано  дивиденда на
акционерите. Вкупните инвестиции, пак, во опрема, изнесуваат 228.000 евра. АД МОДА
нема никакви кредитни задолженија, објавиле од компанијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy