Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мобилен телефон најден во ќелијата на Нехат Нухи
Македонија

Мобилен телефон најден во ќелијата на Нехат Нухи

28/11/2025

AA

При претрес во затворската ќелија на поранешниот економски директор на Онкологија, Нехат Нухи, полицијата пронашла мобилен телефон. Со оваа информација започна денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во кој поранешните директори Васев и Нухи се обвинети за незаконско раководење со клиниката. Двајцата остануваат во притвор.

Во судницата, Нухи тврдеше дека телефонот не е негов и дека го нашол во ќелијата.

„Не знам што згрешив за да ми упадне полицијата во ќелијата и да се однесува недостојно. Првпат во животот клекнав на колена. Телефонот не е мой, го најдов таму. Го користев само за апликации, бидејќи како човек имам потреба од контакт со семејството,“ рече обвинетиот.

Судењето продолжи со сведочење на вработена која раководела со финансиското и шалтерското работење на клиниката. Таа изјави дека Нухи и ја одзел надлежноста за подготовка на налози кон добавувачите, а дека поранешниот директор Васев не поднесувал барања за дополнителни средства од Фондот за здравствено осигурување, што довело до акумулирање долгови.

Одбраната укажа дека сведокот има конфликт на интереси, бидејќи нејзиниот сопруг работел во веледрогерија и дека била незадоволна поради прераспоредување, што — според нив — влијаело врз нејзините искази.

„Истата колешка во истрагата изнесува субјективни тврдења за лични работи, вклучувајќи обвинувања дека Васев земал пари од пациенти или ги бирал пациентите. Тоа се лични согледувања мотивирани од лоша емоција поради нејзиното прераспоредување,“ изјави адвокатот Боби Спирковски.

Според обвинението, Васев и Нухи со незаконски набавки и присвојување лекови ја оштетиле државата за околу 36 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Топло низ цела Македонија: Издаден метеоаларм поради високите температури

26/08/2026
Македонија

Нов моторички парк на Водно – паднатите дрвја добија нова

26/08/2026
Македонија

Три пожари и натаму активни, четири под контрола

26/08/2026
Македонија

ДЗС и пожарникарите ги здружија силите: Се затрупува депонијата во

25/08/2026
Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри –

25/08/2026
Македонија

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат

25/08/2026
Македонија

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа

25/08/2026
Македонија

8 активни пожари низ Македонија

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45255
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Топло низ цела Македонија: Издаден метеоаларм поради високите температури

26/08/2026

Високите температури ќе ја зафатат целата територија на државата во текот на денешниот ден, поради што е издаден метеоаларм, информираат

Нов моторички парк на Водно – паднатите дрвја добија нова намена

26/08/2026

Водно добива нова содржина за рекреација и спорт, откако на планината е изграден нов моторички парк од здравите стебла на

Три пожари и натаму активни, четири под контрола

26/08/2026

Три пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека четири се ставени под контрола, информира Центарот за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy